Средношколците во петок ќе протестираат во Скопје, со цел да им укажат на властите дека не се сложуваат наставата да се започне само онлајн, туку тие бараат комбинирана настава.
Како што информира Сојузот на средношколците, тие во петок од Министерството за образование и наука ќе се упатат кон Владата, а таму ќе ги прочитаат своите барања.
Средношколците веруваат дека треба да постои избор и за комбиниран модел, односно да постои опција да се избере и настава со физичко присуство.
Вкупно 51 претставник на средношколците од 17 градови во земјава преку онлајн состанок денеска одлучија како ќе реагираат на одлуката за онлајн-настава.
Барањето на сојузот на средношколците беше учебната година да започне со комбинирана настава, а не само онлајн, како и нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел.
Д. Т.