• Latest

Српски партии во Косово алармираат: продолжениот конкурс на Србија за здравствени работници влијае врз косовската изборна кампања

November 28, 2025
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Српски партии во Косово алармираат: продолжениот конкурс на Србија за здравствени работници влијае врз косовската изборна кампања

November 28, 2025 12:40
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку српски политички партии на Косово, кои на октомвриските избори освоија места во општинските собранија во неколку општини со српско мнозинство, се спротивставија на одлуката на српското Министерство за здравство да го продолжи до 15 јануари следната година конкурсот за избор на нови работници во своите институции што работат во српските области на Косово, објавија косовски медуми. 

Станува збор за конкурс за неколку стотици нови работни места, кој, пред сите и во пресрет на локалните избори на 12 октомври во Косово, го објави самиот претседател на Србија, Александар Вучиќ, велејќи дека „државата Србија се грижи за српската заедница во Косово“.

Сега, продолжувањето на рокот за избор на работници се оправдува со големиот број  кандидати.

Во меѓувреме, само Српската листа има поддршка од официјален Белград, која на локалните избори ги освои сите десет општини со српско мнозинство, додека на парламентарните избори во февруари доби девет од десетте мандати резервирани за српската заедница.

Нови предвремени парламентарни избори во Косово ќе се одржат на 28 декември, откако Движењето Ветевендосје, партијата што доби најмногу гласови на февруарските избори, но не доволно за самостојно да формира Влада, не успеа да ја обезбеди поддршката од другите партии за формирање на новите институции.

Со тоа, продолжувањето на рокот за избор на работници во српските здравствени установи во Косово ќе се совпадне со предизборната кампања.

Поради оваа причина, Српската демократија на Александар Арсенијевиќ ја осуди оваа одлука, повикувајќи ги раководителите на здравствените установи да не постапуваат „според партиските наредби и предизборните пресметки, туку да работат во интерес на својата заедница“.

Во пресрет на парламентарните избори во февруари оваа година, Србија исто така имаше отворен конкурс за здравствени установи во Косово, но тој беше откажан по протестите поради „недостаток на транспарентност“ и „партиско вработување на соодветни луѓе“.

Истото сценарио се повторува во речиси секоја изборна кампања, кога Српската листа ветува работни места, домување или други бенефиции од српскиот буџет.

Европската Унија не даде никаков конкретен одговор на овие обвинувања, но изјави дека сите граѓани треба да можат слободно да го остварат своето право на глас, без надворешно мешање и манипулации.

Д. Т. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ