• Latest

Срцки

January 9, 2021
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Срцки

Славното минато за едни секогаш е крваво минато за други. Само иднината е празен лист хартија на кој можете да бележите настани што им носат радост на сите. Психопатите и криминалците тоа не го разбираат.

January 9, 2021 09:00
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ако почнете да им одговарате на тапоглавците што ве прозиваат по десетина пати на ден, треба само на тоа да се посветите, а секако ќе биде залуден трудот. Тоа, впрочем, е и дел од задачите на троловите – да го одвлекуваат вниманието на таргетираниот, да прават што е можно поголема врева и да ве вовлечат во дискусија. Нема дебата со нив. Дебата, и тоа жестока, можете да имате дури и со истомисленик, но не и со криминалците и нивните слуги. За дебата се потребни аргументи на двете страни, а кога на едната страна има само манипулации, замена на тези, трикови и досетки, вулгарности, навреди и омраза – нема место за дебата. Тоа е врева.

Троловите не само што не се разбираат од збор, не само што немаат никаков срам, ниту достоинство, кичма… туку се само најниско скалило од пропагандната машинерија која ги управува. Тие немаат свое јас, ниту имаат можност да се однесуваат поинаку. Напротив, колку што се погнасни, толку повеќе поени добиваат, се истакнуваат во џганот во кој самите се втурнале, поради пари или поради ниски страсти. Секако, може да се прифати дека еден дел од нив се и жртви на манипулациите и предрасудите, но тоа не ги ослободува од одговорноста за злото што го шират.

Нешто малку над нив во таа хиерархија се „новинарите и уредниците“ во „оливери“ или попознати како „куртон“ медиумите.

Не треба да се нервирате поради огромниот број навреди што се упатуваат на ваша адреса. Колку и да се лични навредите, колку и да се тешки лагите и клеветите, треба да разберете дека сето тоа е само еден дел од стратегијата – да се дискредитираат прогресивните луѓе, да се разниша довербата меѓу луѓето и во институциите, да се посее семето на стравот и поделбите. Со таа континуирана врева, се подготвува теренот и за безумни насилства во момент кога тоа му е најпотребно на некој мрачен, криминален центар на моќта. Тоа е сè.

Нема ништо лошо, ниту предавничко во тоа да ја сакате својата земја и да се грижите за нејзината иднина, оставајќи ги апсурдните спорови и крвавите чворови на минатото зад себе. Човекот се исправи на своите две нозе и ги достигна сите висини на технолошкиот, уметничкиот, научниот и општествениот развој, затоа што беше и сè уште е љубопитен. Се нурна во длабочините на океаните, се качи на највисоките врвови на планините и се вивна во вселената – затоа што беше и сè уште е љубопитен. Па зошто да не биде љубопитен и за минатото на своите и предците на своите сограѓан(к)и? Па и да ја преиспита историјата, да се соочи со минатото. Или, пак, едноставно да одлучи да гледа само напред, во иднината, во светот, наместо во темнината на пештерата на своите предци…

Славното минато за едни секогаш е крваво минато за други. Само иднината е празен лист хартија на кој можете да бележите настани што им носат радост на сите. Психопатите и криминалците тоа не го разбираат.

Кога ќе ги видите колку се вулгарни и валкани, партиските тролови и пара-медиумскиот џган, не можете а да не ги третирате како минорна непријатност. Како измет од чавка што ви паднал на рамото. Особено кога знаете дека тие се само дното на кантата полна со ѓубре, дека работат за „повисоки“ цели.

Можеби некогаш ви се чини дека се многумина и дека никој не застанува во ваша одбрана, никој не се кара со нив. Тоа не е точно. А и нема потреба некој да се расправа за да покаже дека е на ваша страна. Троловите и квазиновинарите се како некој мортус пијан силеџија кој одвај стои на нозе, ама се заканува, пцуе и навредува. Луѓето дури и го свртуваат погледот од таквите сцени, не сакаат да си го нарушат комодитетот што го имаат во својот меур. Но бидете сигурни и дека луѓето добро знаат колку троловите и пара-медиумските пропагандисти лажат и смрдат (некои и буквално), дека целта им е мрачна и криминална, дека се лоши и недостоинствени луѓе и дека работат за дури и многукратно полоши газди. И молчат. А вам ви се чини дека луѓето не се солидарни. Не е точно. Само не сакаат да се расправаат со будали и никаквеци. Можеби е погрешно, но тоа е. Постојано се повторува низ историјата.

Поголем проблем од тивкото мнозинство луѓе што се на ваша страна се институциите. Во нив се длабоко вгнездени емисарите на криминалните центри на моќта. И затоа постои неказнивост. И молк. И апатија. Ете, тоа е погрешно.

Не се нервирајте и кога троловите ви се закачуваат како крлежи и ве повикуваат на одговорност. Бараат од вас да осудите омраза и насилство додека самите употребуваат говор на омразата и повикуваат на насилство, истребување, геноцид. А исти се. На двете страни се истото „племе“ како што министерката МВРО-ВМРО, Јанкуловска (сега в затвор), ги нарекуваше Албанците. Не се секирајте, сите радикали имаат горе-долу слични изрази едни за други.

Ним најголем успех им е да ве вовлечат во нивната глупава игра. Што и да направите, исто е, тие ќе се обидат да ве прикажат како да сте исти како нив. Поточно, колку повеќе правите, толку повеќе ве мразат и ви го негираат успехот. Мора да направат да изгледате како нив. Не мора полоши, доволно е да кажат дека сте исти. Тоа е врвот на нивната „кариера“. Тогаш доаѓа газдата, ги тапкаат по рамото и им даваат лижавче.

Сакаат да ве вовлечат во сопствената кал во која го фрлиле прво својот живот и достоинството, а потоа сè друго. Па што може да се очекува од луѓе што се служат со лаги, омраза и насилство? Разликите и исклучоците, омразата и поделбите, тензиите, насилствата и криминалот ги прават токму ТИЕ И ИСТИТЕ КАКО НИВ ОД ДРУГАТА СТРАНА111 (мора понекогаш со големи букви и кецови, да им влезе во тиквата). Едноставно, тоа е паралелна реалност во која им требате вие, но зошто би влегувале во играта со нив? Вие им требате ним, не тие вам. Оставете ги во калта.

Сакаат да ве прикажат како предавници, не затоа што веруваат во тоа, туку затоа што длабоко во себе се срамат што се незнајковци, неспособни за читање, учење и разбирање. Нивните газди и дел од нивните „браќа и сестри“ по омраза се вистински предавници и тоа, не во некоја романтичарска смисла на зборот, туку во безбедносна. Тоа не е мала работа.

Сите тие имаат многу комплекси и фрустрации, од најгоре до најдолу на скалилата на организираниот криминал во чие име „се населија“ во политиката. Не можете да им помогнете. Затоа купуваат новинари и уредници, да ги „нашминкаат“, ама не им оди никако од рака. Неспоредливо поголеми од нив не успеаваат да се „нашминкаат“ со медиумите, уметниците, старлетите, луксузот и сè што тие (погрешно) мислат дека може да им послужи за маскирање на грдотијата и непросветеноста.

Разберете ги. И тие се луѓе. Секој сака да биде барем убав, ако не и паметен.

Затоа, take it easy. На крајот победува прогресот. Инаку, да беше по нивна волја, до сега ќе се вратевме на дрвјата. Во нивната „природа“ е нормално да се однесуваат, а така и да изгледаат, како никогаш да не се симнале од гранките или како никогаш да не излегле од пештерите по ридиштата. И мислат дека тоа е висина… Срцки.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Tags: клеветилагиомразапара-медиумипропагандиститролови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ