• Latest

ССК: Претприемачите трпат штети и немаат алтернативен начин за вршење дејност

April 27, 2020

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССК: Претприемачите трпат штети и немаат алтернативен начин за вршење дејност

April 27, 2020 11:28
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претприемачите се соочуваат со намален обем на работа и со големи штети од пандемијата КОВИД-19, а голем дел не се во можност да се задолжуваат со нови кредити, на веќе постоечките, за да ја пребродат кризата, покажува најновото истражување на Сојузот на стопански комори (ССК).

Во истражувањето се вклучени претпријатија од сите региони во земјава и тоа најголем дел, 54 отсто од Скопскиот, девет проценти од Пелагонискиот, по седум отсто од Југоисточниот, Полошкиот и Источниот регион, по шест отсто од Југозападниот и Вардарскиот, како и четири проценти од Североисточниот регион. Според дејноста, претпријатијата припаѓаат на секторите угостителство, производство и преработка, сметководство и финансии, трговија, услуги, градежништво, туризам, здравство, транспорт и логистика и земјоделие, додека според големината, доминираат микро, мали и средни.

-Вкупно 49 отсто од анкетираните претпријатија одговориле дека трпат штети во нивното работењето од 81 до 100 приоценти, 13 отсто имале штета од 61 до 80 отсто, 13 отсто се со штета од 41 до 60 отсто, 16 проценти претрпеле штета од 21 до 40 отсто, а осум отсто се изјасниле дека штетата им е до 20 отсто, додека само еден процент рекле дека немаат штета во нивното работење. На прашањето колку е намален обемот на работата во март годинава, 40 отсто од претпријатијата одговориле дека обемот на работа им е намален меѓу 81 и 100 отсто, на 19 отсто обемот им се намалил од 61 до 80 проценти, 12 отсто имаат намален обем на работа меѓу 41 и 60 проценти, кај 15 отсто обемот е намален меѓу 21 и 40 отсто, а кај девет отсто намалувањето е до 20 проценти. Само кај пет отсто од прeтпријатијата немало намалување на обемот на работа, вели Благоја Грозданов, член на Управниот одбор на ССК.

Во однос на бројот на вработени, 85 отсто од претпријатијата одговориле дека се уште не го намалиле бројот на вработени како резултат на состојбата за разлика од 15 отсто од компаниите кои веќе го намалиле бројот на вработени. Доколку нема соодветни економски мерки и како резултат на состојбите дури 46 проценти од компаниите се изјасниле дека планираат да го намалат бројот на вработени ако немаат ликвидност и средства да ги исплатат платите и трошоците.

Најголем дел од претпријатијата, односно 86 отсто, сметаат дека економските мерки кои ги донесе Владата не се во согласност со потребите на стопанството и нема да ја исполнат целта да се преброди состојбата, додека само 14 проценти од компаниите сметаат дека мерките се во согласност со нивните потреби.

-Вкупно 65 отсто од претпријатијата одговориле дека се уште немаат аплицирано за дел од понудените економски мерки за справување со кризата донесени од Владата, 19 отсто аплицирале, а 16 отсто воопшто не планираат да ги користат економските мерки. Во поглед на понудениот кредит на Развојната банка 65 проценти од претпријатијата не аплицирале, осум отсто изјавиле дека аплицирале, седум проценти се изјасниле дека аплицирале и се уште чекаат одговор. Вкупно 19 проценти се изјасниле дека нема воопшто да аплицираат за кредит, а еден отсто дека се одбиени, наведува Грозданов.

Што се однесува до финансиската поддршка од 14.500 денари, 47 отсто од фирмите се изјасниле дека планираат да ја користат, 32 отсто не одлучиле, а 21 процент воопшто не планираат да ја користат. На прашањето дали се запознаени дека средствата за поддршка треба да се вратат во 2021 година, 79 отсто рекле дека се запознаени со условите.

-Од сите претпријатија вклучени во истражувањето, 80 проценти се изјасниле дека немаат можност да ја вршат својата работа од дома или онлајн, а на прашањето дали бараат алтернативен начин за остварување на нивната дејност 70 отсто рекле дека не е можно да ја вршат нивната дејност на алтернативен начин, 19 отсто бараат алтернативни начини, а 11 отсто не бараат друг начин, изјави Грозданов.

ССК обединува 35 стопански комори, 30 групации, здруженија и асоцијации, кои застапуваат над 24.000 претпријатија од сите региони и сектори.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ