• Latest
Фотографија: ЦивилМедиа

ССНМ бара посебен пакет мерки за новинарите и медиумските работници

June 8, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ССНМ бара посебен пакет мерки за новинарите и медиумските работници

June 8, 2020 10:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фотографија: ЦивилМедиа

Фотографија: ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека е потребен посебен пакет мерки кој ќе се однесува на новинарите и медиумските работници, со оглед на фактот дека, како што посочуваат, тие се една од главните алки во борбата против ширењето на коронавирусот и извршуваат работа од јавен интерес.

– ССНМ се повикува и на повикот на Европската федерација на новинари до националните влади, Европската Комисија и Европскиот Парламент за брза, таргетирана и координирана акција за поддршка на сите медиумски работници – вработени, слободни новинари и самовработени – како одговор на разурнувачкиот социјален и економски удар од глобалната криза со Ковид-19 во медиумскиот сектор . Ковид-19 нанесе тежок удар на медиумските слободи во целиот свет. Во оваа пандемија европските граѓани имаат потреба од професионални, економски обезбедени новинари повеќе од кога и да е, наведуваат од ССНМ.

Истовремено, тие, како што соопштија, се повикуваат и на десетиците изјави на претставниците на власта кои се однесуваа на значајната улога на новинарите и медиумските работници во борбата со пандемијата, како и постојаното изразување благодарност за работата на новинарите.

– ССНМ ги поздравува досегашните мерки преземени од Владата за помош на медиумите, но податоците дека голем број на новинари и медиумски работници се соочија со намалување на платите, а некои и со отпуштање од работа, покажуваат дека досегашните мерки не биле доволни, додаваат во соопштението.

Затоа, велат, сметаме дека крајната цел на финансиската помош треба да бидат новинарите и медиумските работници.

– Нашето барање за финансиска помош за вработените во медиумите се заснова на начелото дека само социјално и економски обезбедени вработени во медиумите може и професионално да ја вршат својата задача – навремено, точно и објективно да ја информираат јавноста. Затоа, оваа помош за медиумите поради кризата со Ковид-19 треба да гарантира дека ќе им биде од помош директно на вработените, нагласуваат од ССНМ.

Барањата, информираат, се базираат на следниве три точки – Ослободувањето од 100 процети од придонесите за вработените во медиумите кои не отпуштиле ниту еден вработен во текот на кризата, освен со спогодбен прекин на работниот однос, заминување во пензија или со други одредби од ЗРО, со исклучок на технолошки вишок за времетрањето на мерката и давање отказ без отказен рок. Мерката да важи и за медиумите кои им ги намалиле платите на новинарите и медиумските работници, но само доколку се обврзат ваквото ослободување да го искористат за да им ги вратат скратените средства на своите вработени. Враќањето на средствата се одвива паралелно со спроведувањето на мерката.

– Со цел кревање на свеста за борбата против лажните вести, односно важноста на професионалното новинарство оваа мерка да не важи за медиумите на кои надлежен суд со правосилна пресуда одредил дека го прекршиле Кривичниот Закон од Главата против здравјето на луѓето, додаваат од ССНМ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ