• Latest
Фото: Скриншот ТВ Телма

ССНМ: Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите

May 16, 2025

24 ЧАСА: За платено политичко рекламирање пријавени 333 медиуми; Се активира механизмот за претставки за изборни активности онлајн; Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски; Ескалација на протестите во Србија

August 14, 2025

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година

August 14, 2025

MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

August 14, 2025

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

August 14, 2025
Фото: Володимир Зеленски / Х

Украина врати дома 84 Украинци од руско заробеништво во најновата размена на затвореници – некои заробени од 2014 година

August 14, 2025
Фото: Карл Билд/Х

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

Пуштена во употреба клучката Подмоље, што го спојува Охрид и Струга, Македонија и Албанија

August 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

August 14, 2025
Фотоколаж од снимки од Фејсбук

БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

August 14, 2025
Илустрација: ВИ

Говор на омраза – потенцијал за тензии, поларизација и насилство, што е што во изборен контекст

August 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ССНМ: Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите

May 16, 2025 15:23
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
Фото: Скриншот ТВ Телма

Фото: Скриншот ТВ Телма

Share on FacebookShare on Twitter
ССНМ ја повикува претседателката Гордана Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите, а во продолжение и на кревките демократски односи во земјава

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро реагира и искажува загриженост од моделот на однесување кон новинарите на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова која при гостувањето на емисијата ВинВин на ТВ Телма на 15 мај 2025 година искажа сериозни навреди кон колегата Боби Христов притоа користејќи недолични зборови за функцијата којашто ја извршува.

Сиљановска Давкова во забелешка на начинот на комуникација и поставувањето на прашања на колегата Христов говореше дека не било пристојно да се говори за луѓе што не се присутни на ТВ дебата и искористи квалификации „фрустрирачки“, „малициозно“ и „не личи на новинар“. Претседателката ја коментираше емисијата Топ Тема која на почетокот од оваа седмица беше емитувана на истиот медиум, а во која уредникот Боби Христов на гостите им постави прашање „колку е погорда Македонија со Гордана Силјановска Давкова една година на претседателската функција“.

ССНМ се сложува со претседателката Сиљановска Давкова дека медиумите и новинарите влијаат на перцепцијата на јавноста, но укажува дека оценката на работата на новинарите и медиумските работници која е јавна треба да биде со внимателно одбрани и издржани зборови, а не со лични квалификации за тоа дали некој личи или не личи на новинар, односно дали е фрустриран и малициозен.

Потсетуваме дека развиеноста на едно демократско општество се мери и по разбирањето на улогата на медиумите во него, како и по прагот на толеранција кон критика кој го имаат функционерите, а кој по правило треба да биде повисок со оглед на тоа што вршат јавна функција.

Загрижува фактот дека оваа изјава доаѓа само неколку недели по извештајот на Репортери без граници, според кој падот на Македонија на индексот за слобода на медиуми е резултат, меѓу другото, и на лошата оценка за политичкиот индикатор, односно дека е забележано „функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“.

Европскиот акт на слобода на говорот на медиумите ваквите пораки до новинарите изнесени јавно ги толкуваат како директно мешање во уредувачката политика на медиумите и притисок врз слободата на новинарите. Затоа Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја повикува претседателката Гордана Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите, а во продолжение и на кревките демократски односи во земјава.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ