• Latest

Станковиќ: Сакам да живеам во држава со сите нишани во која нема да си ги пребројуваме крвните зрнца

November 27, 2018

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Станковиќ: Сакам да живеам во држава со сите нишани во која нема да си ги пребројуваме крвните зрнца

November 27, 2018 10:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Едноставно не сакав, никој, меѓу два залака мувлосано сирење и две голтки од со децении старо вино, да се расправа, скраја да е, да се тепа, кој најмногу му помогнал на последниот преживеан од Македонија, библиска, ли античка ли, папокот или анусот на светот, кој како милува…“, изјави новинарот Синиша Станковиќ, на панел дискусијата „Губење на идентитетот, или…?“, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, за своите аргументи за прифаќање на Преспанскиот договор.

„Се мислев дали да зборувам на дебатава, зашто сметам дека моето определување, сѐ она што го дефинира мојот идентитет се мое лично право, дел од мојата интима… Сепак, и во јавни настапи и во објавени текстови, последниве години, јасно се залагав за  изнаоѓање решение кое на новите поколенија во Македонија, ќе им понуди иднина! А актуелното решение, иако нормално, не е идеално, сепак, нуди некаков излез од ќорсокакот. Особено, што со децении не е понудено ниту едно, поинакво, ама сериозно решение… “, рече Станковиќ, еден од говорниците од ЦИВИЛ на дебатата.

„Тешко е да се зборува за идентитетот… Кој е мојот идентитет? Човечко суштество, машки пол, родено пред повеќе од пет децении, во една, а сега живее во друга држава, како дете на родители – припадници на два според тогашните дефиниции – братски народа, здружени во ЈУ заедницата, ама со многу замешателства во крвната слика во семејните истории на двата родитела… Неостварен режисер, 34 години веќе новинар, главно фриленс – дописник и уредник во неделници, сопруг, татко, вујко, дедо-вујко, автор на неколку книги, долгогодишен кирајџија, кум и старосват, немтур-комшија, познаник на илјадници, колега на стотици, пријател на десетици, другар на… – на прсти се бројат… Љубител на вкусна храна и добра капка,  некогаш одамна – красноречив и надобуден, сега главно резигниран и се почесто циничен до срж, демек некогаш убав и млад, сега само убав, ама тоа се нели, лични работи… “, рече Станковиќ.

Тој наведе примери од своите престои во Австрија и САД, од периодот на почетоците на борбата за името на Македонија и војната во некогашна Југославија, и за обидите да се избега од клишеата и стереотипите во поглед на дефинирањето и восприемањето на идентитетот.

„По стекнатите искуства, последниве години, едноставно, не сакав, на нечии чајанки, во јабаната, да ми ја прецртуваат, бришат и доцртуваат земјата од глобусот… Едноставно не сакав да ѕенѕам во место, или скраја да е да живеам во вистинското или фалсификуваното минато од пред гранап – македонските народни приказни во кои Итер Пејо секогаш победува, и редовно  е најубав, најумен и најсилен…“, аргументираше Станковиќ

„Посакувам Северна Македонија да стане асли држава со сите нишани, во која сите жители, навистина ќе бидат еднакви пред својот бог и пред законот и ќе имаат еднакви права. Никогаш повеќе да не се користи она ‘некој меѓу нас не е наш…’, и сите да го споделуваат чувството на припадност, патриотизмот, идентификувањето со некоја целина, како нормални рационални луѓе, кои можат да живеат во исто маало со комшиите, а да не си ги пребројуваат крвните зрнца“, резимираше Станковиќ.

Изјавата на новинарот Синиша Станковиќ е дел од проектот „Губење на идентитетот или…?“ кој ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува во соработка со Фондацијата „Хајнрих Бел“ од Германија. Ставовите на десетина експерт(к)и и креатор(к)и на јавното мислење за идентитетските и општествено-политичките прашања поврзани со процесот за надминување на македонско-грчкиот спор околу името деновиве ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Досега се објавени ставовите на  Љубчо Георгиевски, новинарот Ѕвездан Георгиевски, на професорката д-р Мирјана Најчевска, професорката д-р Катерина Колозова и професорот д-р Сашо Орданоски. Ставовите и анализите за тоа што се добива, а што се губи со Преспанскиот договор ќе бидат објавени и во печатена публикација во декември.

Ангела Петровска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Tags: идентитеткрвни зрнцапатриотизамприпаднострешениеСтанковиќ
Share76TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ