• Latest

Георгиевски: Културата и традицијата се побитни за нечија припадност, отколку самото име!

November 24, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Георгиевски: Културата и традицијата се побитни за нечија припадност, отколку самото име!

November 24, 2018 12:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Идентитетските прашања ги учев преку примерот на цигарите филтер ‘Југославија’, првите филтер цигари во државата Југославија… По укинувањето на нивното производство, се појавија филтер ‘Ориентал’, со истиот визуелен интегритет, истата кутија, истата боја, истата графика и истиот квалитет или неквалитет… Јас веднаш се префрлив на ‘Ориентал’, и да бидам искрен, името не ми се допаѓаше многу, ама не ми ни пречеше променетото име“, изјави новинарот Ѕвездан Георгиевски, на панел дискусијата „Губење на идентитетот, или…?“, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Кога човекот навистина го губи својот идентитет? Дали тогаш кога ќе го закопаме на некои гробишта, или можеби уште во текот на неговата болест кога неминовно се менува и неговиот физикус и неговата психологија и неговиот карактер? Или, можеби, неговот идентитет опстанува и по неговата смрт преку преданијата, записите од него или записите за него? И, каква врска има државата, нацијата, етничката припадност со нашето неминовно биолошко исчезнување?“, беа прашањата кои на присутните на панелот им ги постави новинарот Георгиевски.

Тој направи паралела со цигарите филтер „Југославија“ и со нивната „замена“, филтер „Ориентал“.

„Без оглед на името, јас ги викав филтер ‘Ориентал’ сѐ до крајот – филтер ‘Југославија’ и кога ги купував ги барав како ‘Југославија’ и никогаш не дојде до некоја забуна меѓу продавачот и мене. Секогаш ми даваше ‘Ориентал’, или ќе ми кажеше – ‘Добивме филтер Југославија’ и ќе ми дадеше штека ‘Ориентал’… За тој пушачки идентитет беше многу поважна некоја друга работа а не името, и почнав да размислувам која е таа друга работа која мене ме направи да им припаѓам на цигарите филтер ‘Југославија’. Веројатно, таа некоја култура на пушење и тој обичај да се запали токму таа цигара и да ти замириса така. Преведено на некој национален или колективен идентитет, веројатно културата и традицијата се многу побитни за нечија припадност, отколку што е самото име’, рече Георгиевски.

„На крајот на краиштата, мислам, иако може да звучи како ерес, дека ни јазикот не е толку важен за идентитетот, колку што е важна културата, обичаите… Прашањето не е како ќе го зачуваме јазикот, туку како ќе ја унапредиме сопствената култура“, смета Георгиевски.

„Зошто би сакал јас на пример, да ги делам вредностите на државата Македонија. Тие национал-романтичарски ставови, грутката или земјата во која си роден е – твојата татковина. Јас сум роден во Словенија, и освен фактот дека сум роден во Словенија немам никаков интимен однос према таа држава, односно, имам како кон сите други држави. Зошто би требало да имам инитимен однос кон Македонија? А во секој случај, се декларирам како Македонец, се трудам се обидувам да живеам пристојно во оваа држава, што подразбира дека се обидувам да  обезбедам пристојни услови и за другите околу мене да живејат и да направиме некое пристојно место… Мислам дека треба да се занимаваме со функционална поврзаност меѓу луѓето врз база на некоја сосема други интереси кои ќе бидат материјални и духовни и кои ќе овозможат подобар живот“, потенцираше Георгиевски.

Разговорот со новинарот Ѕвездан Георгиевски е дел од проектот „Губење на идентитетот или…?“ кој ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. Ставовите на десетина експерти и креатор(к)и на јавното мислење за идентитетските и општествено-политичките прашања поврзани со процесот за надминување на македонско-грчкиот спор со името деновиве ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Досега е објавен разговорот со Љубчо Георгиевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател на ВМРО-Народна. Ставовите и анализите за тоа што се добива, а што се губи со Преспанскиот договор ќе бидат објавени и во печатената публикација во декември.

Дехран Муратов
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

 

Tags: „Југославија“„Ориентал“вредностиГеоргиевскиидентитетјазикКУЛТУРАобичаи
Share14TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ