• Latest

Стано: ЕУ сè уште очекува имплементација на сите одредби од Договорот меѓу Косово и Србија

March 29, 2024

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Стано: ЕУ сè уште очекува имплементација на сите одредби од Договорот меѓу Косово и Србија

March 29, 2024 18:04
in ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија сè уште очекува имплементација на сите одредби од Договорот за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија, без оглед на препораката Косово да стане членка на Советот на Европа, изјави денеска нејзиниот портпарол Петер Стано.

Во писмената реакција до Радио Слободна Европа, Стано наведува дека партиите „треба да ги спроведат одредбите од тој договор експедитивно, со добра волја и независно една од друга“ и додаде дека лидерите за ова се договориле во Охрид на 18 март 2023 година, пренесе Бета.

-Ова го вклучува и формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) во Косово, што е најконкретен начин да се обезбеди заштита на заедницата на косовските Срби. Жално е што, и покрај напорите на ЕУ и пошироката меѓународната заедница, досега има многу ограничен напредок на Косово и Србија во спроведувањето на обврските што ги прифатија во овој договор, рече Стано.

Стано, исто така, изјави дека ЕУ забележала дека Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) усвоил нацрт-мислење со кое се препорачува влез на Косово во Советот на Европа и посочи дека за прашањата поврзани со таа организација одлучуваат нејзините членови.

Политичкиот комитет на ПССЕ го усвои нацрт-мислењето иако Косово исполни само еден од трите услови за влез во Советот на Европа – враќање на 24 хектари земјиште на манастирот Високи Дечани. Останатите два услови – формирањето на ЗСО и преиспитувањето на контроверзните експропријации во општините со српско мнозинство во Косово – се означени како „постпристапни обврски на Косово“, што значи дека Приштина мора да ги исполни по приемот во Советот на Европа, наведува Бета.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУКосовоПетер СтаноСрбија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ