• Latest

Стаорци…

June 6, 2018

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Стаорци…

June 6, 2018 11:24
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Според вистински настан, за жал…

 Утрата во Загреб се прекрасни. И ова е такво, со воздух кој продира директно во душата и ја чисти. Воздухот во Загреб особено е посебен во пределот помеѓу горниот и долниот град. Таму е најголемото зелелнило на градот. Токму од тука и го пишувам овој текст.

пишува: Војо Цветановски

И овој, осми пат по ред, доаѓаме на Cest is D Best (Улицата е најдобра) Интернационален фестивал за улична уметност со Театроск, со актот Контабас.

Сместени сме во еден хотел кој се наоѓа во хаусторот лево на улицата „Томичева 5“. Тоа е улица која ве води кон ридот нагоре, тоа е оној лифт кој оди нагоре  на „Горњи град“ поточно на Штромесерово шеталиште и од таму се спушта надолу, повторно на Томичева улица, поточно „Доњи град“.

По појадокот го земам кафето и седнувам во паркот кој е веднаш десно од хостелот.

Возрасен господин излегува од тунелот „Грич“ кој излегува во Арт Паркот. Седнува на клупата на која седам и јас во паркот. Од торбата вади „Бурда“ списание за мода и кроење со дата од 1978 година.

Имам чувство дека не забележува дека седам до него. И одеднаш: „Вие сте новинар, така?“, ме прашува.

„Не“,  кусо одговарам.

„Ми заличивте на новинар. Се извинувам.“

Според начинот на кој се изразува човеков сфаќам дека е некој поранешен интелектуалец кој имал животна трагедија.

„Немате зошто да се извинувате. Не сум новинар. Пишувам текстови за еден интернет весник во Скопје, Македонија“, му велам.

„Ете, гледате дека сте новинар“, ми одговара со насмевка.

„Не, не е тоа исто. Јас само пишувам кратки раскази. Толку. Ништо повеќе од тоа.“, му одговарам.

„Знам, не грижи се. Туку, доколку ти ја раскажам мојата приказна ќе ја напишеш ли во весникот за кој пишуваш?“, ме праша.

„Да.“, велам, „Зошто да не?“

„Имаш диктафон?“, прашува.

„Имам, на телефонот.“

Го вклучувам диктафонот и го ставам меѓу нас двајцата на клупата. Тој гледа во него. Гледа речиси цела една минута. И почна, а делуваше некако како да не сака да почне.

„Стаорци синко. Стаорци се тоа“, рече тивко и од торбата извади пластично шише за вода од половина литар, полно со жолта течност. Го отвори, голтна длабоко од шишето. Запали цигара. Очите му зацрвенеа, лицето му доби боја.

„Ги извадив од шахта. Стаорци беа. Ги претворив во принцови, ги научив како да се почитуваат себеси, карактерот им го изградив. Утрото кога ѓаволот им ја одзеде добронамерноста, која искрено се надевам дека некогаш ја имаа, помислија дека можат повеќе. Ми зарија нож во грбот, на спиење, да, да, точно тие, стаорците кои ги претворив во принцови. И заминаа триумфално. Ги гледав како го носат костимот од златно руво, кој го украдоа од мојот дом и со него се пелтечат наоколу како да е нивни. Паднав искрвавен до последна капка. Лежев. Долго лежев. И, станав. Морав да станам. Почнав да си ги лекувам раните. По извесно време ја снема крвта од дупките на раните. Останаа лузни. Потоа исчезнаа и лузните или избледнеа, не знам?

Изградив живот. Нема да речам нов, бидејќи, јас не сум си нов сам на себе во сопствениот живот. Повторно застанав на нозе. И почнав да одам. Ноќта после Божиќ тропна некој на мојата врата. Принцот, оној последниот што замина од кај мене. Што ми го украде златното руво. Повторно станал стаорец. ‘Зарем повторно си во шахта?’ – го прашав. Стоеше со главата наведната на прагот на мојата врата накиснат од животот. Молеше за помош. Го примив да влезе. Му дадов топла облека, топла соба, храна, сварив чај, го легнав в кревет. Седнав на креветот крај него. Заспа. Го погалив по главата и му шепнав; ‘Знам дека не сакаше да ме убиеш. Знам. Тоа не го стори ти, го стори принцот во кој те претворив јас. Спиј сега, одмори се убаво, знам дека утре планираш да ми зариеш повеќе ножеви во грбот.’

Ноќта се спакував и заминав од таму, засекогаш. Му ја оставив пластичната рамка од мојот живот да живее во неа, бидејќи сиротиот не знае како да изгради сопствена. Јас и овој пат, како и првиот го жалев, навистина, многу го жалев. Пред да заминам застанав на прагот на вратата од собата во која спиеше тој и долго гледав во телото на стаорецот чиј сон делуваше исплашено. Заминав. По пат си мислев, сиротиот, никогаш не разбра дека тоа се само пластични рамки и предмети кои, ако знаеш како да ги изградиш, за што потребно е само малку да ти работи мозокот, само малку, можеш да го изградиш на било кое друго место насекаде низ светот.

Но не, тие, стаорците, тие се занимаваат со малициозната минорност на овоземското живеење и се усреќуваат кога несреќен и погазен ќе го видат оној кој им овозможил се’ во животот и на крајот ќе сакаат да го убијат, да го видат ничкосан. Никогаш не ја разбрав таа потреба на ваквите луѓе кои потекнуваат од шахтите на животот? Веројатно токму заради тоа, заради нивната внатрешна смрдеа за која се свесни дека секогаш ќе е присутна во нивниот живот, ќе ги следи засекогаш и од која никогаш не ќе можат да се ослободат. На крајот едно разбрав, стаорец не можеш да го претвориш во принц. Можеш да се обидеш, но знај, тој е само еден обичен стаорец. Можеш да му дадеш костим на принц, но, тој нема да знае како да го носи истиот тој костим и многу бргу ќе го продаде најевтино што може, бидејќи, сиротиот не разбира што е тоа што го носи на себе. Ете толку имам јас да ти кажам. Одам сега. А ти ако можеш објави го текстов некогаш, ако не, никому ништо“, и насмевка му се појави на лицето.

„И после се’ едно мора да признаеш. Утрата во Загреб мирисаат најубаво на свет. Така?“, ме праша.

„Така е!“, одговорив.

„Инаку јас сум кројач по професија. А во последно време ги летам гулабите на плоштадот „Јосип Бан Јелачиќ“. Помини попладне ќе бидам таму, околу 17:30“, рече.

Ја испи ракијата на екс, стана и замина.

Јас појдов во хостелот, го префрлив текстот на овој документ. Попладнето во 17:30 појдов на плоштадот да го видам како се забавува со гулабите.

 

Tags: Загребстаорциутра
Share63Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ