• Latest

Стареењето на насeлението главна причина за недостиг на работна сила

March 11, 2020

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стареењето на насeлението главна причина за недостиг на работна сила

March 11, 2020 08:48
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Населението во светски рамки постојано старее. Прогнозите на Обединетите нации се дека до 2050 година едно од шест лица ќе биде над 65 години, за разлика од лани кога 1 од 11 лица било на истата возраст. Стареењето на населението е уште поизразено во Европа, каде што според податоците на Евростат во 2018 година едно од пет лица било на оваа возраст, а прогнозите се дека до 2050 година постојано ќе се зголемува бројката на стари лица. Состојбата со стареење на населението е слична и во регионот и во земјава, каде што прогнозите ги влошува и миграцијата на младо работоспособно население.

Ваквите состојби, кои укажуваат на процесот на старење на населението, треба да бидат насока во која властите во земјава во наредниот период би требало да ги креираат своите политики, од тие за развивање услуги за поддршка на повозрасното население, како што препорачуваат од ОН, до развој на економијата, отворање нови и подобро платени работни места, преструктурирање на економијата, зголемување на вработливоста на младите и давање еднакви можности за сите.

Во спротивно, според анализите, земјава, во која процесот се усложнува со миграција на младо работоспособно население, може да се се соочи со недостиг на работна сила, недостиг на капацитети за социјално згрижување, како и недоволно развиени социјални услуги. Недостигот или намалувањето на бројот на вработени, а порастот на бројот на пензионери ќе создаде дополнителни проблеми во прибирањето средства за исплата на пензии.

Статистичките показатели за движењето на младото и старото население од 1994 до 2015 година во земјава е потврда на овој процес, кој е светски глобален тренд. Се зголемува бројот на стари лица, а постојано се намалува бројот на новородени и на млади лица.

Во 1994 година стари над 65 години имало околу 160 илјади, а во 2015 околу 260 илјади. Бројот на млади до 14 години, пак, е во постојан пад. Во 1994 година бројот на млади е близу 500 илјади, а во 2015 околу 350 илјади, покажуваат податоците од илустрацијата на Државниот завод за статистика, објавена во публикацијата „25 години независна Македонија“,

Слични трендови можат да се видат и од илустрацијата на пирамидите на структура на населението од пописите спроведени во земјата.

Стареењето на популацијата, според експертите, се должи на намалување на фертилитетот и подобрувањето на преживувањето, што ја карактеризира демографската транзиција што се случува во светски рамки.

Од Обединетите нации препорачуваат како што се зголемува просечната возраст на населението, владите да имплементираат политики за да можат да одговорат на потребите и интересите на постарите лица како домување, вработување, здравство, социјална заштита и други форми на меѓугенерациска солидарност.

Општествата што стареат влијаат на одржливоста на системите за пензиско и социјално осигурување, како и на економскиот раст на подолг рок, сметаат од Организацијата на работодавачи на Македонија.

Ангел Димитров од оваа организација вели дека денеска светот е глобално село. Во такви услови, според него, ние не можеме младите да ги задржуваме со памфлети и со желби, ниту да им забраниме да заминат.

– Единствен начин тоа да го направиме е да ја менуваме структурата на стопанството, да го зајакнеме образованието за да можат тие млади да бидат идни претприемачи, да имаат свои компании, но компании со повисока додатна вредност, со повисока технологија, која ќе обезбеди поголема плата. Тоа е единствен начин за ние да го зајакнеме животниот стандард, затоа што тој е резулатат на продуктивноста, а таа зависи од два фактора и знаењето и од опремата. Ако немате капитал да вложите во современа опрема за да ја зголемите продуктивноста, вие на пазарот нема да успеете, ќе пропаднете и покрај вашата најголема желба да бидете успешни, вели Димитров.

Смета дека платите треба да бидат резултат на реален пораст на економијата, а не резултат на законски одредби, бидејќи, смета, на таков начин многу од компаниите може да пропаднат и да се намалува бројот на вработени.

Ако пропаднат тие компании и се намали бројот на вработени, посочува Димитров, тогаш ПИОМ и ФЗОМ ќе имаат уште помалку пари и ќе нема плата за исплата на државните службеници, за одржување на инфраструктурата…

– Затоа државата мора многу внимателно тоа да го следи. Намалувањето на бројот на вработени во индустријата каде што се создава нова вредност и во услугите, автоматски значи помал економски раст, кој, пак, мора адекватно да биде со пад на буџетски трошења. Ние не можеме ако се намалува број на вработени во приватниот, да го зголемиме бројот на вработени во државата администрација. Од каде ќе го плаќаме тој државен сектор. Исто така, непродуктивните трошења во јавниот сектор треба да се сведат на минимум, затоа што досега имавме огромни случаи на корупција, на изигрување на законските прописи во делот на набавките… Ако ништо не направиме, ние нема да пропаднеме за година или две, но замислете за 15 години, ако овој тренд продолжи, кој ќе земе пензија и од каде ќе ја земе пензијата. Ќе се намали бројот на работници што плаќаат придонеси, а бројот на стари и пензионери ќе расте, предупредува Димитров.

Eдна од мерките за справување со овој проблем е и воспоставување на процесот на активно стареење. Тоа, велат од Организацијата на работодавачи, е доживотен процес заснован на инклузивен пазар на трудот и одржливо вработување. За да се постигне активно стареење, потребна е координирана образовна и трудова политика и реформа на системите за стручно образование и оспособување, вработување лица со намалена способност за работа, подобрување на здравјето и безбедност при работа.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ