• Latest

Ставриќ: Судството во Македонија е заглавено во 17 век!

September 15, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ставриќ: Судството во Македонија е заглавено во 17 век!

September 15, 2017 12:46
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дејан Ставриќ, еден од основачите и член на Комитетот за заштита на правата, во пресрет на конференцијата која ќе се одржи утре (16 септември), за ЦИВИЛ Медиа зборува за основните идеи на Комитетот, за условите во затворот „Шутка“ и за борбата за воспоставување на вистински правен систем во Македонија.

„Како политички затвореник во времето на ВМРО-ДПМНЕ, како жртва на еден полициско-политички монтиран случај, во карикатурата од тогашното, а и сегашното судство, ме натера да бидам еден од идејните творци на овој Комитет. Мојот случај и е познат на јавноста… Во Комитетот за заштита на човековите права се обединети речиси сите политички затвореници од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, бројот не е мал, во него членуваат околу 300 до 350 луѓе, неистомисленици или противници на таа власт“, вели Ставриќ.

Тој нагласи дека основната идеја е да придонесат во реализирање на вистински правен систем, на правна држава: „Гледаме дека новата власт има такви интенции, но исто така, гледаме дека не брзаат многу во спроведувањето“.

За условите во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, каде беше приведен, Ставриќ вели дека се дури полоши од „Идризово“.

„Условите се лоши, дури мислам дека условите во затворот ‘Шутка’ се полоши отколку во затворот ‘Идризово’ каде што беше премиерот. Таму се обавува оној незаконски притвор, кој претходната власт го спроведуваше сето ова време и заради кој целокупното наше правосудство и обвинителство имаше замерки од Европската комисија, секоја година. Во ред е тоа што премиерот го посетил ‘Идризово’, треба да ја посети и ‘Шутка’, но многу поважно е да работи на причините за полнењето на тие затвори со невини луѓе, а тоа се обвинителството и судството“, изјави Ставриќ.

„Последиците од кршењето на човековите права, и тоа што кај нас стана нормална работа да се кршат човековите права во секоја судска постапка, се огромни и за самото општетство! Нема зошто Република Македонија да ги плаќа грешките на некои извршители на власта, кои наместо да бидат обвинители и судии и да ја работат својата работа, работат по нечиј налог, незаконски и непрофесионално, на нечија штета… А таа нечија штета се стотици и илјадници граѓани на Република Македонија кои, еве да речеме, не се согласуваат со власта. Тоа е седумнаесетти век и тоа не смее да се дозволи понатаму!“, истакна д-р Ставриќ во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

Текст и монтажа: Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов

Tags: д-р СтавриќИдризовоисловиКомитетот за заштита на праватаконференцијаполитички затворенициправна државаШутка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ