Вчерашното приведување на претседателот на пратијата ГРОМ и поранешен градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, предизвика реакции на социјалните мрежи.
„Стефче ако гарантира со имот може пола Шутка да ја извади на слобода“, стои во твитот на Жаки Блонд.
Судот му одреди мерка домашен притвор на Стевчо Јакимовски.
Јакимовски беше приведен заедно со двајца вработени во општината поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување и за кривично дело бесправно градење.
А. П.