• Latest

Стефоска: Како министерка за култура ќе се посветам на заштита на културното наследство

August 31, 2020

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Стефоска: Како министерка за култура ќе се посветам на заштита на културното наследство

August 31, 2020 15:58
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Новата министерка за култура Ирена Стефоска денеска официјално ја презеде функцијата. Основната задача на која како министерка ќе се посвети за време на овој мандат, како што истакна, е заштитата на културното наследство но и раскрстување со варварското однесување кон културното наследство.

Стефкоска по преземањето на функцијата изјави дека ќе работи на обединување на знаењата за да ја одржи, како што рече, виталната врска на нашиот културен амалгам, на заедничкото наследство со современи и идни културни образовни естетски па дури и економски практитки.

-Позицијата министер за култура на Република Северна Македонија ја прифатив како чест и уште поголема одговорност. Уште веднаш зборувам за одговорност и постајано ќе зборувам за одговорност, затоа што ми е совршено јасно дека ние како држава единственото нешто со што располагаме и со што можеме да бидеме препознаени и прифатени во светски контекст е културата. Таа наша култура, културата која ни припаѓа на сите е амалгам од соништата на сите наши предци, додаде Стефоска.

Според неа, нашата култура е живата врска со нашата современост, таа не прави она што сме и ги протектира насоките за нашата иднина.

– Затоа мојата задача како миинстерка во овој владин кабинет е посветеност во заштитата на културното наследство, недвижното, движното, нематеријалното и во таа смисла раскрстување со варварското однесување кон културното наследство бидејќи таквиот однос сите нас не води кон пропаст, рече Стефоска.

Ваквата определба и нејзината реализација според новата министерка, подразбира едукација и вклучување на луѓе со капацитет и знаење, особено на младите луѓе, надминување на сите јазови: генерациски, социјални, етнички или религиозни, затоа што, појасни, сите заедно имаме една единствена заедничка цел

– Ајде сите заедно и културни работници и граѓани да направиме нашата култура да свети како ѕвезда на балаканот и пошироко исто онака како што Медена земја свети и сјае низ целиот свет. Таа врска мораме да ја одржиме од едноставна причина што таа не прави она што сме. Ја завршувам изјавата со познатата  мисла која вели: Ако сакаме да ја сочуваме културата морамае да продолжиме да ја создаваме,рече Стефанова.

Претходниот министер за култура Хусни Исмаили кој денеска ја предаде функцијата, истакна дека функцијата ја предава на сигурни раце, и се надева оти новата министерка на најдобар можен начин ќе се снајде со предизвиците кои ја очекуваат во текот на својот мандат.

-Денеска јас ја предавам функцијата министер за култура на идната министерка Ирена Стефкова. Имам големо задоволство и чест бидејќи ја предавам функцијата министер во сигурни раце. Како што ви е познато идната министерка е човек кој доаѓа култура била долги години во парламентарни тела за култура има добри познавања и се надевам дека на најдобар можен начин ќе се снајде со предизвиците кои ја очекуваат во текот на својот мандат, рече Исмаили.

Посочи дека од многубројни постигнувања во Министерството за култура за време на мојот мандат особено задовлство му причинува постигнувањето на двете цели. Првото е, како што рече, донесувањето на Законот за култура кој сега ќе биде во парламентарни процедури и второто, според него уште поважно потпишувањето на колкетивниот договор.

-Овие се две големи успеси и според мене се два круцијална столба во Министерството за култура со што понатамошната работа на министерката ќе и биде многу полесна но ќе има и предизвици кои сигурно верувам ќе успее да ги надвладее, додаде Исмаили.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ