• Latest

Стевановиќ: Со максимален сериозен однос кон ширењето на вирусот и со придржување кон мерките, нема да има проблем за пописот

March 13, 2021
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Стевановиќ: Со максимален сериозен однос кон ширењето на вирусот и со придржување кон мерките, нема да има проблем за пописот

March 13, 2021 09:55
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

-Почитувањето на мерките е стожерот во спречувањето на ширењето на коронавирусот, вели директорката на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, Милена Стевановиќ, која во интервју за МИА, посочи дека сепак зголемениот број на случаи изминатиот период се должи и на британскиот сој, кој полесно се пренесува.

Според неа, одговорноста за зголемување на новозаболените, чија бројка на дневно ниво во билтените на Министерството за здравство достигнува над 900 случаи, ја има и високиот процент од околу 70 отсто на асцилирање на британскиот сој.

Стевановиќ нагласува дека болничките капацитети се практично пополнети, поради што е отворена и модуларната болница, но напоменува дека засега состојбата е стабилна со оглед на тоа што има постојан испис, а потоа упис на новопримени пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.

За пописот, кој треба да почне на 1 април, Стевановиќ нагласува дека е донесен Протокол, во кој детално се обработени мерките и кој, како што рече, обезбедува апсолутно сигурни услови за спроведување на операцијата.

Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година беше усвоен од Владата на 2 март, на предлог на Комисијата за заразни болести, во која членува и Стевановиќ.

– Колку што јас го знам, а го знам до детали протоколот и гарантирам негова ефикасност во смисла на обезбедувањата, не можам да предвидам колку од луѓето стравуваат или не стравуваат и дали би ги пуштиле попишувачите или не секако, но исто така верувам дека ако се плашат граѓаните, можеби сега, знаете како е, сепак зборува – еден бел мантил тука кој 13 месеци се бори со Ковид-19 и имаше прилика да види различни состојби. Ако граѓаните се плашат толку колку што барем ни се презентира дека се плашат од Ковид инфекцијата немаше да имаме ние толкави бројки. Навистина сметам дека нашето однесување мораме да го донесеме до максимум сериозен однос кон ширењето на инфекцијата и ако се придржуваме до се нема да има проблем ниту за попис, ниту за какво било ширење од друг извор, можен извор или ризик на инфекцијата. Повеќе од сигурна сум дека кога би се однесувале соодветно секаде од продавница до попис, нема да имаме никаков проблем, вели Стевановиќ.

За текот на вакцинацијата, која почна со Спутник V, како и ревакцинацијата со Фајзер кај здравствените работници, Стевановиќ потенцира дека засега нема пријавено некои поголеми несакани ефекти од двете вакцини. Имало алергиски реакции, но навремено и соодветно се реагирало. Таа вели дека вакцинацијата е добро организирана и засега тече без проблеми, но предупредува дека со примањето на вакцината не значи дека граѓанинот е веднаш заштитен. Секоја вакцина е различна и оние што ги имаме моментално и оние кои се очекуваат, потребен е различен временски период за да се стекне имунитетот, а Стевановиќ апелира секој што ќе прими вакцина да продолжи да ги почитува мерките.

– Ние сме сведоци на известувања од целиот свет каде што е почнат процесот на вакцинација дека има голем број на луѓе кои после давањето на првата вакцина пројавиле симптоми и биле позитивни. Тоа само значи дека не се дочувале во периодот по вакцинирањето и не ги применувале мерките, вели Стевановиќ.

Во однос на претстојниот попис, Стевановиќ ги објасни мерките што се подготвуваат во текот на операцијата.

-Комисијата за заразни болести која навистина е една високо професионален тим на стручњаци со различни специјалности го изготвија протоколот за спроведување на пописот и тоа следејќи ги сите фази на процесот на попишување, од тестирање, преку обучување до спроведувањето на терен, вклучувајќи со посебни дополнителни мерки и за оние, за онаа популација која ќе биде во изолација или ќе биде заболена. Најдетално се опфатени сите движења, сите возможни комуникации за време на пописот или на секоја една фаза од процесот на целиот попис, така што со преземање на соодветни мерки кои се и предвидени за секој момент и на движење во време на пописот апсолутно верувам дека се обезбедуваат максимални услови за минимизирање на какво било ширење на инфекцијата понатаму. Се разбира, јас сум повеќе од сигурна дека тој исто така ќе се спроведува доследно, како што е и напишан и верувам дека нема да се има каков било проблем затоа што е навистина многу детално обработен и мислам дека обезбедува апсолутно сигурни услови за спроведување на пописот.

На прашање за стравот на дел од граѓаните за евентуално ширење на Ковид-19 во текот на спроведувањето на пописот, Стевановиќ вели дека со максимален сериозен однос кон ширењето на вирусот и со придржување кон мерките, нема да има проблем за пописот.

-Јас, колку што јас го знам, а го знам до детали протоколот и гарантирам негова ефикасност во смисла на обезбедувањата, не можам да предвидам колку од луѓето стравуваат или не стравуваат и дали би ги пуштиле попишувачите или не секако, но исто така верувам дека ако се плашат граѓаните, можеби сега, знаете како е, сепак зборува – еден бел мантил тука кој 13 месеци се бори со Ковид-19 и имаше прилика да види различни состојби. Ако граѓаните се плашат толку колку што барем ни се презентира дека се плашат од Ковид инфекцијата немаше да имаме ние толкави бројки на Ковид. Навистина сметам дека нашето однесување мораме да го донесеме до максимум сериозен однос кон ширењето на инфекцијата и ако се придржуваме до се нема да има проблем ниту за попис, ниту за какво било ширење од друг извор, можен извор или ризик на инфекцијата. Повеќе од сигурна сум дека кога би се однесувале соодветно секаде од продавница до попис нема да имаме никаков проблем. / МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ