• Latest

Стоилковиќ со „ч“- подарокот од Путин за новата Влада на „нашата земја“!

June 21, 2024
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Стоилковиќ со „ч“- подарокот од Путин за новата Влада на „нашата земја“!

Изборот на Стоилковиќ за управување на ресорот на меѓуетничките односи, и реакциите, односно не-реакциите или премолчаното сложување, е јасно „читлив“ лакмус тест за подреденоста и сервилноста кон новиот премиер Мицкоски од страна на голем дел од опозицијата, а богами и од сите коалициски партнери, кои ден по ден забораваат што ветуваа „на тони“ пред избори.

June 21, 2024 09:17
in АНАЛИЗИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

Освен најавените „економски чуда“ кои на граѓаните ќе им донесат благосостојба, „враќање“ на правната држава или систем или правдата во Северна Македонија, и неколку други „суштински“ измени или реформи, новиот мандатар Христијан Мицкоски во изборната кампања најави и укинување на балансерот (алатката  за етничка припадност при вработување во јавен сектор).

Оваа содржина не е за балансерот, но ќе го оставам да „светка“ како висок аларм правецот по кој ќе се одвиваат политиките на новата влада. Во однос на балансерот и досегашната злоупотреба, доволно е да се каже дека одредени политичари во минатите влади покажаа интерес, или имаа предлози како да се спречи злоупотребата на балансерот, со предлози за донесување нов Закон за правична и соодветна застапеност на сите етнички заедници при вработување, секако, декларативно, и без  реална и цврста иницијатива, додека алатката и понатаму се злоупотребува.

Пред официјалното формирање на новата влада, коалициските партии излегоа со свои предлози за министерски позиции, за дел (и повеќе) од кои, вообичаено како што бива пред и по формирање на нови влади, предлагачите како и секогаш, при изборот на претставниците на новите министерства, и овој пат не „изненадија“ со неколку предлози.

Еден од тие предлози е тој за министер за односи меѓу заедниците, од страна на новиот мандатар Христијан Мицкоски, кој се уште се мисли дали ќе биде премиер на Република Северна Македонија или на „нашата земја“ ( иако еве, најави дека на премиерската заклетва ќе се држи до уставното име, но не се знае дали и понатаму ќе го користи бидејќи му претстои густа комуникација со „странците“ кои веројатно будно следат какоќе се однесува во однос на Преспанскиот договор), го предложи претседателот на Демократската партија на Србите, Иван Стоилковиќ за министер задолжен за односи со заедниците.

Да се потсетиме на ликот и „делата“ на Стоилковиќ ( некако прстите ме тераат накај Стојиљковиќ со „ч“, без „љ“ и „ ј“, според неговите политички афилијации).

Стоилковиќ/ч е добро познат по својата „љубов“ кон Путин и следствено кон Вучиќ, а за потсетување – во мај годинава  учествуваше на Безбедносен форум во Русија, во друштво на директорот на српската Безбедносна-информативна агенција, Александар Вулин, како и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Уште едно потсетување – во контекст на вооружениот напад во Бањска,  Косово на 24 септември Стоилковиќ  објави фотографија на својот Фејсбук-профил со графит кој гласи „Знам јас што ве убива, Косово е Србија“, а во прилог на фотографијата, напиша:

 „Слава на Србите од Косово и Метохија кои ги дадоа своите животи во одбрана на своите домови и родната земја од зголеменото угнетување и тиранија од страна на властите на шиптарскиот окупаторски режим. Почивај во мир и ти, албански полицаецу“ ( за косовскиот полицаец кој загина во Бањска).

Ова се само дел од неговите активности кои повеќе од очигледно се во обратен правец на евроинтеграциите на Северна Македонија, правец за кој новиот премиер Мицкоски вели ( до душа „срамежливо), дека е еден од главните по кој ќе се движи новата влада.

Мицкоски, по повод реакциите за  јавноста по неговиот предлог Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите да биде вицепремиер задолжен за односи со заедниците, вели дека секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции и секој кој ќе излезе надвор од оваа патека, без разлика на „про“ какви било позиции, повеќе нема да биде дел од оваа Влада. Нејасно, или двосмислено, не знаеме што мисли под „про-македонски“, бидејќи ете со изборот на Стоилковиќ, не ќе да е така.

Понатаму, на новинарско прашање што доколку Стоилковиќ биде ставен на црна листа на САД поради неговите средби во Москва, Мицкоски вели дека тој е човек кој е дел од коалицијата ’Твоја Македонија’ предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

-Мој соработник и јас верувам во неговата чесност, искреност и промакедонски, протатковински позиции, инсистира Мицкоски.

Така Мицкоски го доживува Стоилковиќ. А ќе почекаме да видиме дали и „странците“ ќе се сложат со ова негово доживување.

Од Алијанса за Албанците – крилото на Зиадин Села и коалициски партнери во Европскиот фронт предводен од ДУИ, излегоа со соопштение во кое велат дека покрај тоа што ќе биде нелегитимна, на новата Влада и се додаваат и антиалбански, антизападни и антиуставни елементи во однос на соседните земји.

Министерот и вицепремиер кој ќе биде посветен на Охридскиот договор, Иван Стоилковиќ, е познат по својот проруски став и во линија со српскиот претседател, Александар Вучиќ кој не ја признава независноста на Косово, со што сериозно го крши Уставот на земјата,  како и го негира геноцидот во Сребреница и истиот го исмева.

„Јавно бараме пред гласањето на владиниот кабинет, Стоилковиќ јавно да се изјасни за признавање на Косово како независна држава, признато со Уставот на земјата, како и да се огради од Путин и Вучиќ и да се изјасни за ЕУ и САД. Дополнително, Стоилковиќ мора да го прифати и српскиот геноцид во Сребреница во согласност со резолуцијата на Генералното Собрание на ОН за која гласаше и Северна Македонија“, се наведува во соопштението на АА.

Од таму апелираа и до коалицијата ВЛЕН, барем во овој дел да не биде сервилна и да не се согласува да биде во Влада додека Стоилковиќ не ги даде горенаведените изјави.

Од ВЛЕН нема реакции, освен таа на Изет Меџити на својата Фејсбук страница, во која вели дека Иван Стоилковиќ не го добива министерството за политички систем, ниту за Охридскиот договор, туку е предложен за министер за односи меѓу заедниците, додека ова Министерство, формирано во 2008 година, до неодамна беше одговорно за заштита, негување и афирмација на етничките групи помали од 20%, односно одговорноста за унапредување на правата на Турци, Бошњаци, Роми и други.

Меџити вели дека ова Министерство не се занимава со правата на Албанците, ниту ги ограничува или унапредува туку дека  правата на Албанците се заштитени и гарантирани со Уставот и Охридскиот договор.

Изборот на Стоилковиќ за управување на ресорот на меѓуетничките односи, и реакциите, односно не-реакциите или премолчаното сложување, е јасно „читлив“ лакмус тест за подреденоста и сервилноста кон новиот премиер Мицкоски од страна на голем дел од опозицијата, а богами и од сите коалициски партнери, кои ден по ден забораваат што ветуваа „на тони“ пред избори.


Текстот е личен став на Авторката.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ