• Latest

Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Стоилковиќ со говор на омраза: Шиптарскиот окупаторски режим во Косово уби Срби кои си ја бранеа земјата

September 29, 2023
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Стоилковиќ со говор на омраза: Шиптарскиот окупаторски режим во Косово уби Срби кои си ја бранеа земјата

September 29, 2023 12:45
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија (коалициски партнер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ), и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, во контекст на вооружениот инцидент во Косово на 24 септември, објави фотографија на својот Фејсбук-профил со графит кој гласи „Знам јас што ве убива, Косово е Србија“.

Во прилог на фотографијата, Стоиљковиќ напиша: „Слава на Србите од Косово и Метохија кои ги дадоа своите животи во одбрана на своите домови и родната земја од зголеменото угнетување и тиранија од страна на властите на шиптарскиот окупаторски режим. Почивај во мир и ти, албански полицаецу“. 

ФБ објава на Стоиљковиќ, 25 септември 2023

„Угнетувањето на Србите продолжува, насилството ескалира, т.н. меѓународна глуми лудост и е соучесник во нечесните постапки предизвикани од тероризирањето на Србите од страна на Курти. Вечна слава, слава на српскиот народ кој и покрај невидениот терор преживува во српската колевка и не ги остава своите вековни огништа пред дивите ѕверови на Курти и на меѓународните ѕверови. Се чини дека т.н. меѓународна заедница намерно ги заборава минатите пукања врз Србите на Косово и Метохија или се преправа дека е лажна, па дури ни политички не ја санкционира злоупотребата на нашиот народ во Косово и во Босна и Херцеговина. Нека им бидат доволни неодамнешните настани како предупредување дека секој истрел кон КиМ е истрел за мир и не успеаја да ги осудат многуте досегашни престрелки или барем да покажат дека се згрозени. Но, јасно е дека нивната цел е да ги протераат Србите и дека нивната главна приказна е мир без Србите. Притоа забораваат дека ниту една окупација не трае вечно, па нема ниту оваа“, напиша Стоилковиќ.

(ЛИНК до архивираната содржина на објавата од Стоилковиќ.)

Во мај оваа година, Стоиљковиќ учествувал на Безбедносен форум во Русија, каде што учествуваа високи државни и воени претставници на руската федерација и нејзини сојузнички, а Путин имаше видео-обраќање.

Путин имаше видео-обраќање на Московската меѓународна конференција за безбедност, август 2023 (фото извор: Спутник)

Од објавените фотографии од овој настан, може да се забележи дека годинава пратеникот од коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ е на „семејната фотографија“ на која може да се забележат и директорот на српската Безбедносна-информативна агенција, Александар Вулин, кој од неодамна е на американската црна листа, како и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој е на црната листа од јануари, 2022 година.

Семејна фотографија на која се наоѓаат и Стоиљковиќ, Вулин и Додик, на Московската меѓународна конференција за безбедност, август, 2023

Партијата на Стоиљковиќ, како и ВМРО-ДПМНЕ која е водечка партија на коалицијата во која тој се наоѓа, не се оградија од неговиот говор на омраза.

ЦМТ


ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани кои не се согласуваат со јавна комуникација во која има дезинформации, говор на омраза и поттикнување на насилство, да ги пријават во ЦИВИЛ, со што ќе придонесат кон спротивставувањето и справувањето со овие појави.
ЛИНК до формулар за ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА
Tags: ВМРО-ДПМНЕговор на омразадезинформацииКосоворуска пропагандаСрбијаСтоиљковиќ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ