Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и членовите на Северно-атланскиот совет пристигнуваат во земјава во недела со два авиона.
Прво ќе слета Столтенберг и неговиот кабинет, а час подоцна и останатите членови на делегацијата која брои околу 40 луѓе, меѓу кои и 29 амбасадори на земјите членки на НАТО.
Од Владата очекуваат нашата земја да стане членка на НАТО во декември годинава кога треба да се одржи Самитот на НАТО членките на кој ќе се одбележат 70 години од постоењето на оваа меѓународна организација.
Дали тоа ќе се случи ќе зависи со која динамика ќе оди ратификацијата на договорот за нашето членство во земјите членки. Досега договорот е ратификуван во 14 земји. Меѓу земјите кои се уште не го ратификуваше договорот се и Унгарија, Турција но и САД.
Столтенберг во земјава ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, преставници на Владата како и со претседателот Стево Пендаровски.












