НАТО и сојузничките војски продолжуваат да го поддржуваат цивилниот одговор на пандемијата КОВИД-19. По Северна Македонија и Чешка, Албанија и Црна Гора добиваат вентилатори и медицински материјали, објави денеска на својот Твитер Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„#НАТО и сојузничките војски продолжуваат да го поддржуваат цивилниот одговор на пандемијата #КОВИД-19. Чешка, Албанија и Црна Гора добиваат вентилатори и медицински материјали од залихите. Во петокот, Северна Македонија доби 60 вентилатори“, објави на Твитер Столтенберг.