• Latest
Фото: МИА

Столтенберг: Проширувањето на НАТО ја обедини Европа и го отвори патот за интеграција во ЕУ

July 10, 2024
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Столтенберг: Проширувањето на НАТО ја обедини Европа и го отвори патот за интеграција во ЕУ

July 10, 2024 12:06
in ВЕСТИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Критичната одлуката за проширувањето на НАТО по Студената војна, како ретко која друга во модерната историја ја промени Европа, бидејќи ја обедини на начин кој претходно беше незамислив, го отвори патот за интеграција во ЕУ и донесе мир и просперитет низ целиот континент, порача генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во обраќањето на свеченоста по повод 75-годишнината од формирањето на НАТО, што се одржа доцна синоќа во рамки на Самитот на Пактот во Вашингтон, пренесе МИА.

– Прашањето беше дали сме подготвени да ја отвориме вратата. Некои стравуваа дека проширувањето ќе го разводни и ослабне НАТО и ќе ја провоцира Москва. Тоа не беше лесна одлука и требаше време. Но, на крајот застанавме во одбрана на правото на секој народ да си го избере својот пат и ја отворивме вратата на НАТО, истакна Столтенберг.

Тој посочи дека пред 75 години овде беше потпишан Вашингтонскиот договор, документот со кој е основан НАТО, од страна на луѓе кои преживеаја две катастрофални светски војни и премногу добро го знаеја ужасот, страдањето и страшната човечка цена на војната, па затоа беа решени тоа никогаш повеќе да не се повтори.

– Така, тие го основаа НАТО. Со јасна цел да се зачува мирот и да се зачува слободата. Посветеност да се заштитиме едни со други. Еден за сите, и сите за еден.

Според него, благодарение на Алијансата зачувани се мирот и слободата, што го прави НАТО најуспешниот, најсилниот и најдолготрајниот сојуз во историјата.

– За да се одврати советската закана, постепено, се појави храбра и контроверзна идеја дека треба да разговараме со нашиот непријател, за да се минимизира ризикот трка во вооружување да излезе од контрола. Чекор по чекор, преку тешки разговори и тешки преговори, беше договорена архитектура на контрола на оружјето, беа уништени се илјадници оружја и беа изградени транспарентност и доверба. Светот стана побезбедно место поради одвраќањето и одбраната, додаде Столтенберг.

Тој нагласи дека крајот на Студената војна, која заврши „без НАТО да испука ниту еден куршум“, ја доведе Алијансата пред одлука за негово проширување и прифаќање на старите противници како нови сојузници.

– Тогаш сојузниците покажаа визија и решителност, како што треба да продолжиме и сега. Војната на Русија против Украина е најголемата безбедносна криза во последните генерации. Украина покажа извонредна храброст, А сојузниците на НАТО дадоа поддршка без преседан, рече Столтенберг.

Според него, иако таа поддршка носи трошоци и ризици, најголем трошок и најголем ризик ќе има ако Русија победи во Украина.

– Не можеме да дозволиме тоа да се случи. Тоа не само што ќе го охрабри претседателот Путин, туку би ги охрабрило и другите авторитарни лидери во Иран, Северна Кореја и Кина. Сите тие ја поддржуваат бруталната војна на Русија. Сите тие сакаат НАТО да пропадне. Значи, исходот од оваа војна ќе ја обликува глобалната безбедност во наредните децении. Времето да се залагаме за слобода и демократија е сега. Местото е Украина, порача Столтенберг.

Тој потенцира дека во изминатите 75 години, трансатлантските односи преживеаја многу бури, но дека сите политички лидери имаат одговорност и во иднина да ја покажат истата храброст и решителност, кои беа покажано во минатото кога беше основан и обликуван НАТО, бидејќи иднината на Алијансата зависи не само од нејзините мажи и жени во униформи.

– Ние сме поврзани не само со интереси, туку и со историја, традиција и вредности. Нашата Алијанса не е совршена и ќе продолжиме да се соочуваме со тешки одлуки во иднина. Не знам каква ќе биде следната криза, но знам дека сме најдобро кога носиме тешки одлуки со политичка храброст и морална одговорност. Знам дека заедно сме посилни и побезбедни, во НАТО. Добро е да имаш пријатели, заклучи Столтенберг во обраќањето.

Tags: Јенс СтолтенбергНАТО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ