• Latest

Стопанската комора бара да се укине Законот за трговија на зелените пазари

October 21, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Стопанската комора бара да се укине Законот за трговија на зелените пазари

October 21, 2019 13:39
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Стопанската комора на Македонија бара целосно да се укине Законот за трговија на зелените пазари, или пак да се интервенира со измени на останатите закони што ја регулират дејноста, јавува МИА.

Одложената примена на Законот донесена во февруари годинава истекува за два месеца. Со неговото стапување во сила, според комората, закупците на тезги би биле непотребно финансиски оптоварени со дополнителни два милиони евра на ниво на дејност во ситуација кога веќе се соочуваат со пад  од 10 до 15 проценти на прометот на зелените пазари поради понудата во супер маркетите.

– Најголем проблем е предвиденото постоење на Комората на закупци на тезги којашто не само што го обременува нивното работење со документација, туку дополнително прави проблеми од  финансиски аспект бидејќи повлекува финансиски трошоци на закупците на тезги кои се несоодветни и неприфатлови. Обременувањето на закупците на тезги директно ќе се одрази на работењето на организаторите на  пазари, рече денеска на прес-конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија, пренесувајќи го ставот на  организаторите на пазари.

Работењето на зелените пазари во изминатите десет години, велат од комората, е регулирано со многу закони и прописи и станува беспредметно да постои посебен закон за трговија на зелени пазари затоа што тој не регулира ништо повеќе од она што е веќе регулирано, а дополнително наметнува обврски за закупците на тезги што не се познати во регонот и пошироко.

Според комората, последното законско решение е беспредметно вклучително и во делот на планираното воведување лиценци затоа што и регистрацијата што сака да се постигне и сега постои преку Управата за јавни приходи. Организаторите на пазари со постојните законски решенија се должни на месечно ниво  да ја известуваат УЈП кој се има закупено тезга на зелените пазари врз основа на што се оданочуваат закупците. Тоа, укажуваат, треба да се стави во некоја форма, но во рамки на системот на државните институции бидејќи

– Се што е предвидено да функционира во Комора на закупци на тезги сега е регулирано и можеби треба да се преформулира во одреден сегмент и да остане  во државните институции, а не надвор од институциите. Финансиското оптоварување  на закупците на тезги преку она што треба да го прави и ќе биде овластена Комора на закупците е дополнителен трошок и  апсолутно може да биде причина за излегување на дел од закупците на тезги надвор од пазарите, што пак значи намален промет на пазарите, намалени даноци и поттикнување на сивата економија и нелојална конкуренција надвор од зелените пазари. Согласно бројот на тезги, трошоците може да бидат и до два милиони евра на ниво на цела дејност односно тоа се пари што ќе треба да ги платат закупците, рече Михајловска Василевска.

Откако на предлог на група пратеници во февруари годинава Парламентот изгласа одложување на примената на новиот Закон, како што велат од комората, воопшто не биле повикани на состанок или на каква било консултација. Во овој требаше да бидат направени одредени усогласувања додека трае одложената примена на  Законот, но, потенцираше Михајловска Василевска, тоа не се случи. Заклучно со мај требаше да се донесат потребните подзаконски акти, но тоа не се случи, вршењето на јавните овластувања што требаше да се применува од јануари 2020 година не се доделени,  не е воспоставен регистарот каде треба да биде завршена целосната регистрација три месеци од почетокот на  законот. Трговците веќе треба да имаат легитимација и да се определат условите како ќе може да се врши трговија на тезгите, наведе Михајловска Василевска.

Таа најави дека утре ќе имаат состанок со сите организатори на пазари и ќе со заедничкиот став се обратат до надлежните институции.

Според комората, сегашните законски решенија не го регулираат само предвиденото плаќање на придонесите за плата, но, како што велат, тоа може да се регулира со други закони, односно и без новиот Закон. За закупците, физички лица кои функционираат согласно со Законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност со Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија фискализацијата е одложена до влез на земјава во Европската унија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ