• Latest

Стратегијата „едно општество за сите“ е жива и етапно се имплементира

December 17, 2021

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025

И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

May 14, 2025

Реакции: Од „Уа“ до „Браво“; „Цела влада треба да го следи светлиот пример на Таравари“…

May 14, 2025
Фото: Скриншотови од видео на CNN

Семејството Трамп го проширува бизнисот на Блискиот Исток во неговиот втор мандат

May 14, 2025

МВР за ЦИВИЛ Медиа: Лицето кое изврши убиство на Бит Пазар е познато на полицијата

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Стратегијата „едно општество за сите“ е жива и етапно се имплементира

December 17, 2021 14:30
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Каква е состојбата со спроведувањето на Стратегијата „Едно општество за сите“? Каде има напредок, кои се слабостите? Кои се очекувањата, препораките и прогнозите за претстојната година? Кои се „перспективите“ за 2022 година, се дел од прашањата на кои зборуваа учесниците на конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2022“, која се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје (на 15 октомври) и се одржа панел дискусија „Едно општество за сите – сегашност и перспективи“.

Роберт Алаѓозовски – национален координатор за интеркултурализам и Едно општество, вели дека Стратегијата „Едно општество за сите“, и покрај огромните предизвици, е жива и функционира.

„Стратегијата беше донесена во еден долг процес на вклученост, ангажмани, соработка на многу инстанци, многу државни органи, кои не се дел од извршната власт, беше вклучена и домашната и странската експертска јавност, и преку сто и четириесет невладини организации. Направивме и меѓународна рецензија на стратегијата, и ги вградивме и нивните забелешки, за да добиеме документ што ќе ги опфати сите аспекти на оваа тема.

Стратегијата одговара на проблемите кои беа во изминатите години, говорот на омраза, дискриминација, етничка нетрпеливост. Стратегијата не е хир, со ова треба да се занимаваат сите граѓани.

Стратегијата започна да се имплементира од 2020 година, но се соочивме со проблемот наречен пандемија. И изборите влијаеа за имплементација на Стратегијата. Во 2020 постигнавме многу, но можевме уште повеќе. Во 2021 имавме мирна година, пандемијата малку спласна. Роковите за имплементација на Стратегијата планираме да ја завршиме во 2022, ако повторно немаме пороблеми со пандемијата или со економска криза, вели Алаѓозовски.

Во однос на „Перспективите 2022“, Алаѓозовски вели дека следната година е процес на утврдување што е направено и што остана за реализирање.

„Концептот едно општество треба да го гради заедништвото и понатаму да функционира, вели Алаѓозовски.

Џелал Хоџиќ – заменик директор во Агенцијата за остварување на правата на заедниците, вели дека е многу важно да функционира Агенцијата за правата на помалубројните заедници. Агенцијата ќе доделува околу 2 милиони денари за поддршка на невладините организации. Тој нагласи дека ја обновиле соработката со ОБСЕ.

Во однос на „Перспективите 2022“, Хоџиќ смета дека во иднина балансерот не треба да функционира на овој начин како што е сега, туку треба нешто да се смени, за помалкубројните заедници да може да си ги остварат своите права.

„Балансерот повеќе дискриминира и прави штета отколку што им помага на помалкубројните етнички заедници. Во образованието треба да создадеме кадар помалкубројните етнички заедници да може да учат на својот мајчин јазик. Двете големи етнички заедници треба да најдат начин да ги вклучат и помалубројните етнички заедници во креирањето на национални политики. Во изминатите неколку години се намалени меѓуетничките тензии, и сметам дека доколку нашата држава добие блокада за ЕУ интеграциите тогаш може повторно да имаме меѓуетники тензии. Исто така и иселувањето на младите ќе биде предизвик доколку нашата држава нема европски перспективи, вели Хоџиќ.

Ели Чакар – државен советник во Министерството за локална самоуправа, вели дека локалната самоуправа има значајна улога за имплементација на Стратегијата „Едно општество за сите“.

„Кога зборуваме за важноста и улогата на локалната самоуправа, сакам да издвојам еден податок за илустрација. Во демократските децентрализирани држави, како што претендира и нашата да биде, 75 отсто од националното законодавство се имплементира на локално ниво.

Ова е процес којшто бара постојано инвестирање во него, вели Чакар во однос на досега сработеното што се однесува до Стратегијата.

„Во моментов, наш предизвик е како да ги ставиме во функција комисиите за односи меѓу заедниците, на локално ниво. Тоа е еден консултативен механизам којшто е формиран со законот за локална самоуправа, прв закон донесен по Охридскиот рамковен договор, во тој период беа формирани овие комисии во сите осумнаесет општини кои со закон се задолжени да ги формираат, дури и во повеќе општини коишто можат тоа да го направат на доброволна основа. Меѓутоа, после дваесет години, можеме да констатираме дека најголем број од овие комисии, не се функционални. Практично, не постои амбиент зошто да функционираат.

Меѓутоа, после дваесет години, амбиентот е сменет. Тесно етничките прашања ниту се причина, ниту се решение за односите меѓу заедниците на локално ниво. Напротив, акцентот е ставен на реалните потреби на граѓаните, на квалитетот на живеење во локалната заедница“, вели Чакар.

Марина Тунева – извршна директорка на СЕММ и експерт, вели дека за овие прашања треба да се разговара во континуитет.

„Интеркултурализмот бара одговорност од сите. Без да се прифати и индивидуална одговорност сметам дека нема да постигнеме значителни резултати во однос на спроведувањето на концептите и идеите за интеркултурализам. Треба сите да придонесеме за успешно спроведување на Стратегијата, треба колективно дејство кое ќе ни помогне да ги подобриме состојбите и пред се да почнеме со отфрлање на предрасудите, стереотипите, дискриминацијата, говорот на омраза…“, вели Тунева.

Таа додава дека се забележува подобрување во слобода на медиумите.

„Предизвик и потешкотија е тоа што се забележува еднострано информирање на медиумите. Сензационалноста е исто така проблем, дури и кога се известува за различноста се забележува сензационализмот. Медиумите би требало да бараат соодветни извори на информации и говорниците за одреден проблем да се од различни етнички заедници“, вели меѓудругото Тунева.

Во однос на „Перспективите 2022“, Тунева смета дека медиумите имаат голема моќ и значајна улога во општеството како ќе ја пренесат пораката на интеркултурниот концепт.

Лулзим Хазири – извршен директор на граѓанската организација АДИ од Гостивар, вели дека добро е тоа што и граѓанскиот сектор придонесува за промовирање на мултикултурализмот. Тој посочува дека мултикултурноста во нашата земја е реалност со која треба сите да се соочат.

„Македонија е држава која треба да се соочи со оваа вредност, којашто некои ја нарекуваат и како проблем, а различноста треба да ни биде цел за креирање стратегии и политики, бидејќи тоа ние судбината. Не можеме да бегаме од овој конгломерат на различности, јазични, етнички, верски, цивилизациски… Оттука, сметам дека владата е одговорна и должна да создаде овозможувачки услови за развивање на односите, на прифаќањето на соживот и соработка меѓу заедниците.

Мултикултурализмот е скапа работа и државата треба да ја прифати констатацијата дека треба да се вложува во мултикултурализмот, и на централно и на локално ниво. Граѓанските организации се обврзани оваа стратегија да ја чувствуваат како своја, порачува меѓу другото Хазири.

Во однос на „Перспективите 2022“, Хазири нагласува дека етничките групи не треба да бидат пазар на политичките партии.

„Политичките партии влијаат на сегрегацијата. Да се ублажи јазот меѓу младите, односно да се укине сегрегацијата во училиштата. Учениците од различни етничките групи не треба да учат во различни смени, мора да бидеме похрабри да го решиме тој проблем, Хазири.

Џабир Дерала – претседател на ЦИВИЛ, вели дека Стратегијата „Едно општество за сите“, е прва од овој вид, која не е наметната однадвор, или предизвикана тектонски, туку е предизвикана од внатрешни креатори.

Во Стратегијата може секој да се пронајде, но за жал другите услови тоа не го дозволуваат. 178 меѓународни документи се наведени како основа за оваа Стратегија.

Во 12 од 28 активности во Стратегијата, како ризик се констатира недостатокот од политичка волја, во образованието – отпор, односно незаинтересираност од наставниците“, вели меѓу другото Дерала.

Во однос на „Перспективите 2022“, Дерала вели дека ЦИВИЛ ќе бара целосно спроведување на Стратегијата и напуштање на политиката на неказнивост.

„Ќе се водам според еден париски графит „Бидете реални, барајте го невозможното“.  Треба да не чекаме донации туку самите да вложуваме средстава во спроведување на Стратегијата. Ќе бараме застапеност по сите основи, не само етничка, туки и родова, политичка итн. Комисиите за односи меѓу заедниците да се формираат во сите општини, а не само таму каде што живеат Македонци и Албанци“, вели меѓудругото Дерала.

На панелот преку видео – обраќања и специјални интервјуа на оваа тема учествуваа и Претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска, министерот за правда, Бојан Маричиќ, министерката за образование и наука, Мила Царовска и министерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во видео обраќање за панелот на ЦИВИЛ, истакна дека македонското општество е заеднички дом на различни заедници, а нивните верски, јазични и културни специфики создаваат мозаик, во кој сите делови се еднакво важни за убавината на целината.

„Идентитетските разлики, треба не само да се почитуваат, туку и да се пренесуваат на помладите генерации кои допрва учат за фундаментите на политичка заедница. Почитувањето на разликите ја враќа вербата едни во други, а владеењето на правото, ја враќа вербата во институциите. Како држава која сака да биде европска демократија, како потписници на сите релевантни меѓународни документи за почитување на човековите права, имаме и правна, но и морална обврска да го почитуваме вроденото достоинство и еднаквост на секој човек. Од тоа достоинство, произлегуваат- правото на живот, слобода, лична безбедност, еднаквост пред законите.

Социјалните, економските и културните права, се дел од неотуѓивите човекови праваи слободи, кои се во основата на зрелите демократии. Државата има обврска да се грижи за унапредување на правата на сите нејзини граѓани, а посебна обврска има да ги заштити најранливите категории. Не смееме да дозволиме структурна дискриминација и нееднаквост, бидејќи тоа ќе ги поништи напорите на сите поединци со добра волја, а таквите се големо мнозинство“, вели Пендаровски.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска смета дека концептот „Едно општество за сите“ е навистина значаен за државата, за да зрееме како демократија и да се создадат генерации што ќе веруваат во тие вредности. Според неа, оваа Влада има можност да го трансформира општеството од конзервативно и затворено во модерно, отворено општество, кое се грижи секој поединец да ги оствари своите права подеднакво и да се чувствува како дел од процесите на градење на државата.

„ За да постигнеме една таква трансформација на општеството е многу значајно образовниот систем да ја поткрепи Стратегијата „Едно општество“. И токму тоа го правиме. Ако го видите новиот концепт за основно образование, за првпат поставува национални стандарди за учење, тие се усогласени со европските и светски национални стандарди за учење, секако адаптирани на нашите потреби“, потенцира Царовска во интервјуто за Конференцијата „Перспективи 2022“.

Зборувајќи за предизвиците, таа зборуваше и за отпорите кои се јавија за новиот концепт и реформите во образованието. Според неа, секоја реформа создава поларизација, се отвора за првпат дискусија за некои прашања коишто биле ставани под тепих.

„Ако вие видите дека едни етнички групи учат една историја, други етнички групи учат друга историја, вие треба да дискутирате која е националната, и како тие можат заеднички да ги учат сите факти коишто е потребно да ги знаат 7-мо, 8-мо, деветтоодделенците. Само така може да изградиме Едно општество. Од друга страна, имате училишта кои се една смена еден етникум, друга смена друг етникум. И Кога сето тоа почнувате да го отворате како дискусија, нормално е да имате поларизација. Нормално е да имате сили кои ќе влечат на другата страна“, објаснува Царовска.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој е воедно и дел од оперативното тело на Владата за спроведување на Стратегијата, нагласи дека самото донесување на оваа Стратегија е еден храбар чекор и сериозен исчекор на Владата, дека сака приоритетно да се занимава со ова прашање.

„Ние се сеќаваме дека во претходни фази, претходни влади го користеле прашањето на меѓуетничките, меѓукултурните и други разлики како поле за политичка битка, политички провокации, политички манипулации и инциденти кои оделе на штета на граѓаните. Донесувањето на оваа Стратегија го смени просторот и атмосферата за делување и сметам дека е тоа еден сериозно позитивен чекор“, истакна Маричиќ во интервјуто за „Перспективи 2020“.

Според него, овој концепт не може да заживее ако остане само на ниво на политичка идеја, која ќе се спроведува преку законите или правичната застапеност, кои се само еден сегмент од концептот, туку дека граѓаните ќе се чувствуваат многу попријатно доколку имаат можност директно да учествуваат во неговото креирање и спроведување.

„Затоа, мислам дека посветеноста на креирањето на новата Стратегија од 2023-та натаму ќе треба да биде во  координација, комуникација, консултација со поширок круг на граѓански чинители, секако и државни органи, државни институции, за да можеме да го заокружиме тој процес како општествен, не само како институционален и државен“,  смета министерот за правда Маричиќ.

Панелот го водеше: Петрит Сарачини
обработка на текст: Дехран Муратов / Диана Тахири
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ