• Latest

Стручното образование обезбедува добра иднина за младите и за севкупниот економски раст на земјата

October 26, 2019

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Стручното образование обезбедува добра иднина за младите и за севкупниот економски раст на земјата

October 26, 2019 11:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на кампањата за промоција на стручното образование и занимања, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вчера ја посети практичната настава во Средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ (ГУЦ) во Скопје.

Учениците кои ќе бидат идни градежни инженери, проектанти и геодети, презентираа како се проектира и се работи со 3D принтер, како се ѕида гипсен ѕид и како се извршуваат теренските геодетски мерења.

Премиерот Заев  рече дека голем процент од младите луѓе многу полесно ќе најдат работа ако навремено уште во образованието се насочуваат за стручните потреби на пазарот на трудот.

„Дефинитивно, иако бројката на невработени  е падната на 17,5%, сé поголем е недостатокот на квалификувана работна сила. Во една таква околност треба да направиме убав спој на младите луѓе коишто завршуваат средно образование, на компаниите коишто сé повеќе и повеќе ги има во нашата земја и на државата и државните институции за да добиеме win-win-win ситуација. Младите луѓе веднаш по завршувањето на средното образование, се обезбедени со трајно вработување, квалитетни и одржливи примања кои што значат гаранција за нивниот кариерен раст. Со дуалното образование ја добиваат неопходната практична квалификација зашто до крајот на своето образование стигнуваат некаде околу 70% од своето време да го поминуваат во практична настава директно во компаниите, и преку пракса знаат што ќе работат“, подвлече премиерот Заев и додаде дека тоа е корисно и за компаниите кои однапред ќе можат да го планираат својот производствен процес знаејќи дека има квалификувана работна сила којашто ќе може да ги исполни нивните идни развојни планови.

„Како држава треба да обезбедиме младите да имаат своја квалитетна перспектива и да бидеме подготвени како држава со квалификувана работна сила за да го подржиме севкупниот раст и развој на нашата земја. Пред два дена присуствував на финалната фаза од градењето на фабриката на германската компанија „Гересхajмер“ за производство на производи од фармацевтската и медицинската индустрија, инвестиција која ќе обезбеди 400 работни места.  Ваквите напредни технологии на производство, имаат потреба од стручни кадри, кои веќе при школувањето имале практично искуство кое подоцна се  реализира преку зголемена  ефективност и продуктивност во работењето“, рече премиерот Заев и додаде дека во соработка со Агенцијата за вработување се развиени програми за поддршка на вработувањето, вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби, како и за поддршка на младите преку младинска гаранција, тренинг, до-едукација и нивна подготовка, сето тоа во функција на конечната цел – младите да бидат повеќе згрижени, вработливи и среќни овде во државата“, велат Сектор за односи со јавноста на Владата на Република Северна Македонија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ