• Latest

Струјата поскапува за 7,42 отсто, РКЕ не донесе одлука за цената на парното

July 31, 2020

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Струјата поскапува за 7,42 отсто, РКЕ не донесе одлука за цената на парното

July 31, 2020 16:05
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,42 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истите период како и досега, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, пренесува МИА.

Цената на ЕЛЕМ се зголемува за 10,74 отсто, цената за пренос на МЕПСО за 12,5 проценти, а цената за дистрибуција е зголемена за 2,8 отсто, додека делот на снабдувањето кај ЕВН Хоум е намален за 7,71 процент. Врз цената немаат влијание новите вработувања и опремувања со нов мебел.

Поскапување на струјата, како што кажа, побарале сите електро-енергетски компании заради проблемите што ги предизвика кризата со коронавирусот Ковид-19. ЕСМ, додаде, има намалување на приходите од продажба на вишоци на електрична енергија од 17 милиони евра, а МЕПСО намалување на приходите за пренос од 11 милиони евра од транзит на електрична енергија за странство.

-Електрани на Северна Македонија оваа година има драстично и сериозно намалување на продажбата на вишоци на електрична енергија коишто најмногу одеа за извоз и тој пад е од 17 милиони евра. МЕПСО како преносен електро систем оператор од прекуграничните преносни капацитети кои ги доделуваше на аукции има намалување од 11 милиони евра, а исто така соодветно влијание има и промената на потрошувачката пред се намалувањето на потрошувачката кај индустриските и комерцијалните потрошувачи, посочи Бислимоски.

Забелешки за цената, како што посочи, добиле од сите три енергетски компании за кои ја формираат цената, но додаде дека во новата цена има загарантирани приходи за нив. Доколку во целост ги прифатевме нивните забелешки,прецизира, цената на електричната енергија ќе се зголемеше од 22 до 23 отсто.

Тој најави дека РКЕ ќе им предложи на идната Влада и Собрание да го намалат ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 отсто. Тоа, како што рече, ќе го направат во консултација со Министерството за финансии за да видат како ќе влијае на Буџетот.

-Знам дека со оваа одлука влијаеме врз крајните потрошувачи и тоа од прилика на една просечна потрошувачка од 1.500 денари сметка зголемувањето на месечните трошоци ќе биде за приближно 100 денари. Еден од начините да се надмине оваа ситуација со зголемувањето на цената на електричната енергија е зголемување на субвенциите за ранливите категории на потрошувачи, или, пак, може да се прават и соодветни анализи во однос на ДДВ-то како што се случи минатата година со ДДВ-то на топлинска енергија кое што се намали од 18 на 5 проценти, односно тоа влијаеше и на намалување на цената некаде за 12 проценти, рече Бислимоски.

ЕЛЕМ, според него, се покажал како значаен двигател на македонската енергетика.

-Иако има обврска од Законот за енергетика да обезбеди 75 проценти од потребите на регулираните потрошувачи, ЕЛЕМ и оваа година обезбедува 100 проценти од потребите за сите потрошувачи во државата коишто се на регулираниот пазар. На тој начин немаме потреба за увоз на електрична енергија за регулираниот пазар на електрична енергија и доколку  цената на слободниот пазар во овој период е некаде околу 51-52 евра за мегават час, цената по која што ќе продава ЕСМ на регуларниот пазар изнесува 38,4 евра за мегават час што е значително пониско од цената на слободниот пазар, прецизира Бислимоски и изрази надеж дека за ЕСМ  во наредниот период ќе се обезбедат услови за продажба на вишоци на електрична енергија.

Влијание врз одлуката за зголемување на цената на електрична енергија, додаде, има и трошокот за обновливи извори кои користат повластени тарифи. -Тие согласно европските регулативи и сето тоа што е имплементирано во нашиот Закон во одлуката  влијааат со околу 7,3 проценти врз крајната цена, рече Бислимоски.

РКЕ денеска не донесе одлука за цената на парното греење што го плаќаат скопјани. Како што истакна Бислимоски, одлуката не е донесена заради сериозните забелешки што ги имале од БЕГ кои немале време да ги разгледаат.

-Согласно измените што ги направивме на правилниците на почетокот на јуни имаме можност одлуката да ја донесеме во текот на август и сигурно ќе ја донесеме. Имаме сериозни разидувања со БЕГ во однос на нивните трошоци за набавка на топлинска енергија од ТЕ-ТО и во одреден дел кај другите трошоци. Сакаме во разумна и релаксирана атмосфера да си ги размениме аргументите и фактите со БЕГ и да донесем одлука која ќе биде правична и за граѓаните и за компаниите, потенцира Бислимоски.

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ