Околу 200 студенти од Ниш утрово пеш тргнаа кон Крагуевац, каде на Сретење ќе се сретнат со своите колеги од цела Србија, пренесуваат српските медиуми.
Придружувани се од неколку студенти на Природно-математичкиот факултет во Крагуевац, кои дојдоа да дадат поддршка и со своите колеги да направат патување од околу 150 километри.
Според нив, во Алексинац е предвидено да пристигнат вечерва околу 18 часот. Таму, велат, им било обезбедено спиење во Спортската сала. Планирано е да се преноќи во Чиќевац и Јагодина, а во Крагуевац да се пристигне на 14 февруари во вечерните часови.
Тие наведуваат дека освен она што самите го обезбедиле, граѓаните за патувањето донирале и храна, вода, ќебиња, шатори, вреќи за спиење.