• Latest

Студија: Една третина од младите веруваат дека за пет години земјава ќе биде подобро место за живеење

December 18, 2019
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Студија: Една третина од младите веруваат дека за пет години земјава ќе биде подобро место за живеење

December 18, 2019 14:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Шест од 10 млади лица во земјава сметаат дека воопшто не можат да влијаат врз тоа како работат властите, а една третина од нив веруваат дека Северна Македонија по пет години ќе биде подобро место за живеење за младите, покажуваа податоците што беа презентирани на денешната конференција организирана од Вестминстерската фондација за демократија (ВФД) и Младински образовен форум (МОФ).

Според овие податоци, 60 отсто од младите веруваат дека Северна Македонија ќе стане членка на Европската унија, додека 70 проценти од нив сметаат дека тоа ќе се случи во следните пет години. Младите кои веруваат во европската перспектива на земјата се помалку расположени да си заминат од земјата, додека оние кои се граѓански ангажирани се позадоволни со своето место во општеството од своите врсници.

Во обраќањето на конференцијата министерот за образование и наука Арбер Адеми оцени дека резултатите од ваквите истражувања се важни за институциите, бидејќи тие се индикатор за задоволството и незадоволството на младите од нивното учество и вклученост во општеството.

– Преку ова истражување се иницираат нови идеи и можности за соработка. Неколку од заклучоците кои ни беа презентирани претходно, се вклучени во новите закони во образованието преку кои се овозможува поголема вклученост на учениците во процесот на одлучување за програмите во нивните училишта, истакна Адеми.

Британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј посочи дека резултатите од истражувањето покажуваат оти само три отсто од младите се задоволни со своето место во општеството.
– Оваа слика мора да се промени, затоа што е важно да имаме силни, здрави и ангажирани млади. Поради ова го поддржуваме проектот на ВФД и нивната работа за зголемување на нивото на младинско политичко и институционално учество. Ова е еден од клучните елементи за зголемување на младинската вклученост и ангажираност во општеството, додаде Галовеј.

Претставникот на ВФД, Дамир Незири потенцира дека истражувањето е насловено „Апатија, оптимизам или разочараност?“, три зборови кои, како што рече, совршено ги сублимираат ставовите на младите во однос на нивното место во општеството.

– Тие не се информираат за општествено политичките случувања, но речиси секогаш гласаат на избори; сметат дека не се доволно консултирани и вклучени во процесите на одлучување, но сепак голем дел од нив веруваат дека во иднина ќе биде подобро, особено ако државата стане дел од Европската унија, нагласи Незири.

Учесниците на конференцијата оценија дека податоците од истражувањето не се изненадувачки ако се има предвид дека 85 проценти од младите се изјасниле дека никогаш не биле консултирани од властите, ниту на локално, ниту на централно ниво.

Целта на студијата е да се дадат повеќе информации за перцепциите на младите и политиките и пристапите кои треба да се преземат за да се подобри нивната позиција во општеството, поради што младите луѓе треба да бидат високо на листата на приоритети на националните и локалните власти, образовните институции, граѓанските организации и медиумите за да се поддржи нивното активно учество во општествените текови.

ВФД информира дека во соработка со МОФ и со поддршка на британската Влада ќе продолжи да работи на овие прашања, преку активности во кои ќе бидат вклучени ученици и студенти, претставници на партиските подмладоци и граѓанските организации, но и преку давање поддршка на Клубот на млади пратеници, кој, како што смета Фондацијата, е светол пример за искрена соработка за подобрување на положбата на младите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ