Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка (АГТИС) во среда во хотел Холидеј Ин организира панел дискусија со наслов „Судбината на реформите во услови на политичка криза“, која е дел од проектот „Детски болести на демократијата“ финансиран од National Endowment for Democracy.
На панелот ќе говорат Сашо Орданоски, Ана Павлова Данева, Беса Арифи, Мери Младеновска Ѓорѓиевска, Наташа Габер Дамјановска, Александар Николов, Никола Поповски, Сефер Тахири, Милчо Велјаноски, Борче Давидковски, Вања Михајлова, Арта Билали, Ана Чупевска Станишковска и Паре Заревска.
На настанот ќе бидат претставени најважните резултати од анкетата на АГТИС за истражување на ставовите на граѓаните околу реформите и неколку кратки тематски воведи за актуелните реформи.
Целта на проектот е да се зголеми одговорноста, транспарентноста и реформската насока на владата, напоредно со зајакнување на општите знаења за реформите, нивните причини, актери и „мерење“ на политичката волја, преку подобрување на реформските процеси, низ нивна мерливост, проценка и подобрено медиумско информирање на јавноста.
К. С.