• Latest

Судбината на Законот за јазиците: Меџити бара судиите да бидат на ниво на задачата, Ахмети не прифаќа одговорност за последиците ако се укинат одредби од законот

December 6, 2024
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Судбината на Законот за јазиците: Меџити бара судиите да бидат на ниво на задачата, Ахмети не прифаќа одговорност за последиците ако се укинат одредби од законот

December 6, 2024 14:14
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на 11 декември ќе одлучува за судбината на Законот за употреба на јазиците. Претходно, на 2 октомври беше откажана седницата на која требаше да се донесе одлуката, поради „чувствителноста на ситуацијата со укинувањето на балансерот“.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити апелираше сите судии од уставниот суд да бидат на ниво на задача и да носат одлуките во интерес на граѓаните, за соживотот, меѓуетничките односи, за доброто на државата.

Тој кажа дека имало најави дека двајца судии немало да присуствуваат на седница, што значи дека нема да бидат легитимни одлуките.

– Имаше изјава од претседателот на Уставниот суд дека треба да бидат присутни сите девет члена. Веќе има најави дека двајцата судии Албанци нема да присуствуваат на седницата, така што нема да биде легитимно каква и да е одлука без нивно присуство. Апелирам да бидат на ниво на задачата, бидејќи тие се политички одлуки коишто се битни, значајни за соживотот, за меѓуетничките односи и за доброто на државата, изјави Меџити кој присуствуваше на акцијата на садење на дрвца, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште на екстремно неповолни терени во општина Липково.

Од друга страна од Демократската унија за интеграција (ДУИ) со писмено соопштение порачуваат дека Уставниот суд на Северна Македонија одлучи на 11 декември да ја разгледува уставноста на Законот за употреба на јазиците – еден од клучните столбови на Охридскиот рамковен договор и меѓуетничката хармонија.

„Секој обид за укинување на било која одредба од овој закон не е само правен чин, туку претставува директен удар врз стабилноста и мирот кои оваа земја ги изгради со многу жртви“, порачуваат од ДУИ.

Оттаму укажуваат дека уставните судии од албанска етничка припадност јавно изјавија дека ќе ја бојкотираат оваа седница и одлучување, што, според ДУИ, го прави уште поопасно еднострано решение за укинување на одредбите од Законот за јазиците.

– Овој бојкот велат е јасен показател дека ваквите напори за укинување на 10 члена од овој закон имаат длабоко дискриминаторска природа и целат на „поништување“ на албанскиот јазик на институционално ниво. Овој закон е производ на сложен компромис, постигнат по години на макотрпни преговори и претставува темел на меѓуетничката еднаквост и взаемната почит. Одлука која би го загрозила овој закон би претставувала тешко кршење на Охридскиот договор и враќање назад кон неизвесна и нестабилна иднина, реагираат од Мала Речица.

Демократската унија за интеграција го смета овој момент за клучна точка, каде секој чекор што има за цел да ја наруши оваа деликатна рамнотежа претставува премин преку Рубикон. Ако еднаш оваа линија се премине, нема враќање назад! Доколку Уставниот суд одлучи да ги уништи постигнувањата на Охридскиот договор, последиците ќе бидат непоправливи, а ние не можеме да преземеме одговорност за тоа што може да се случи потоа“ предупредуваат од ДУИ.

Од партијата упатија апел до граѓаните, политичките лидери и меѓународната заедница веднаш да дејствуваат за да го спречат овој чин, кој, како што велат ја загрозува стабилноста на земјата и регионот.

„Фронтлајн“ повикувајќи се на извори од Уставен суд, на 30 октомври пишуваше дека за Законот за јазиците уставните судии ќе одлучат на 11 декември.

За законот за јазиците се изјасни и поранешниот американски дипломат Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон.

– Немам дилема за јазичното прашање. Охридскиот договор е јасен по оваа тема. Потребно е секој јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението да биде коофицијален со македонскиот. Не гледам како можете да ја доведете во прашање оваа обврска без да создадете повеќе проблеми отколку што веќе има Северна Македонија. Ова беше важен дел од мировниот договор од 2001 година, важно е да се зачува, пишува Сервер.

До уставниот суд поднесени се 13 иницијативи за оцена на уставноста на целиот Закон за употреба на јазиците, како и за делови од законот. Иницијативите доаѓа од политички партии (ЛЕВИЦА и една од ВМРО ДПМНЕ додека беше во опозиција), граѓанскиот сектор и универзитетски професори се повикуваат на препораките на Венецијанската комисија за спроведување на Законот за употреба на јазиците.

Според подносителите на иницијативите Законот е неуставен бидејќи, според нив, предвидува албанскиот јазик да биде втор службен јазик во сите институции на централната власт. Во член 2 од законот се нагласува дека државните и локалните органи се должни во сите постапки да комуницираат покрај на македонски, и на албански јазик.

– Во институциите на државната власт во Република Северна Македонија, од членот 1 став (3) на овој закон, службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото писмо, е и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓани на Република Северна Македонија и неговото писмо во: комуникација, употреба и спроведување во сите постапки на граѓаните пред сите органи кои ја сочинуваат државната власт…, се наведува во член 2 став 3 од Законот за употребата на јазиците.

„Во судски, управни, извршни постапки, постапки за извршување санкции, предистражни и истражни постапки, кривични и прекршочни постапки, спорни и вонпарнични постапки, како и други постапки пред судови, јавни обвинителства, како и сите се применуваат органи, тела и институции, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот и неговото писмо што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“ – се наведува во член 9 од Законот.

Спорен и неприменет е членот 8, во кој, меѓу другото, се предвидува и употреба на албанскиот јазик на банкноти и униформите на полицијата и армијата.

„Банкнотите и монетите, како и поштенските марки, ќе содржат симболи кои го претставуваат културното наследство на граѓаните кои го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилично писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо. Униформи на полиција, пожарникари, здравство; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилчно писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните. во Република Северна Македонија и нејзиното писмо, се наведува во член 8 став 1 и 3.

Во тензична и бурна атмосфера Собранието во 2018 година го донесе Законот за јазици. Законот предизвика многу реакции во и надвор од парламентот. Со законот се предвидува во сите органи на државната власт, како централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии и правни лица што вршат јавни овластувања, службен јазик освен македонскиот јазик и неговото писмо, да биде и албанскиот јазик.

Дестан Јонузи/ Фронтлајн

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ