• Latest

Судијата Панчевски местел судења и оддавал службени тајни

October 6, 2017

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Судијата Панчевски местел судења и оддавал службени тајни

October 6, 2017 10:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, со истражители од МВР, изврши претрес во канцеларијата на судијата Владимир Панчевски, против кого, како што изјави Јанева, СЈО води предистражна постапка поради злоупотреби на системот за распределба на судски предмети и за оддавање службена тајна, објави агенцијата МЕТА.

Претресот на СЈО во Кривичниот суд почна вчера околу пладне и траеше пет часа, а покрај канцеларијата на Панчевски, претреси биле извршени и во канцелариите на двајца информатичари, вработени во судот.

„Денеска по судска наредба, СЈО изврши личен претрес кај лицето Владимир Панчевски и со друга наредба од судот ги одзеде сите податоци од компјутерскиот систем за распоредување предмети во Основниот суд Скопје 1“, изјави Јанева, додавајќи оти се надева дека СЈО наскоро ќе почне со истрага.

Јанева се сомнева дека Панчевски местел кои судии да ги добиваат предметите на СЈО, а покрај тоа, постојат и сомнежи дека тој оддавал службени тајни на лица надвор од судот.

Инаку, Панчевски е поранешен претседател на Кривичниот суд во Скопје, а четиригодишниот мандат на оваа функција му истече на почетокот на декември минатата година.

Во Кривичниот суд денеска беше и комисијата на Министерството за правда, која треба да утврди дали има злоупотреби со автоматизираниот систем за распределба на предмети.

Претседателот Лазар Нанев, изјави дека Комисијата ќе продолжи со контролата во судот, но не откри дали се утврдени некакви неправилности со автоматизираниот систем за управување со судските предмети (АКМИС).

Индиции за злоупотреби на АКМИС беа нотирани и во извештајот на експертската група на Европската комисија, предводена од Рајнхард Прибе.


извор: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Катица ЈаневаКривичен СудПанчевскиСЈОслужбени тајни
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ