• Latest

Судири меѓу Турците и Курдите во Брисел, има полесно повредени

March 25, 2024

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Судири меѓу Турците и Курдите во Брисел, има полесно повредени

March 25, 2024 18:40
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во близина на Европскиот парламент во Брисел денеска избиле судири меѓу Турците и Курдите, јавуваат локални медиуми.

Демонстрациите беа овластени и повикани од претставници на курдската заедница во Белгија, кои протестираа против нападот врз нив од страна на турската заедница синоќа во град во близина на Лиеж.

Снимките од местото на денешниот инцидент покажуваат дека наеднаш учесниците на настанот покажале агресија и настанала масовна тепачка во која се приклучиле дури и лица облечени во жолти елеци со натпис „Обезбедување“. Полициските службеници се обиделе да спречат ескалација на инцидентот и употребиле солзавец. На снимките се гледаат полесно повредени полицајци и демонстранти. На настанот учествуваа околу 200 луѓе.

Причина за денешниот инцидент е синоќешниот напад, кој, според Курдите, го извршиле турски екстремни националисти поврзани со организацијата „Сиви волци“. Курдите го обвинуваат турскиот претседател Реџеп Ердоган за случајот и ги повикаа денешните демонстрации пред ЕП за да се изјаснат против „пасивноста на ЕУ“ во однос на шефот на турската држава. Според нив, синоќа биле нападнати од стотина Турци, бидејќи во нивните автомобили имало курдски знамиња.

Претходно овој месец, белгискиот премиер Александар де Кро привлече критики од Турција откако изрази почит кон муслиманите во земјата и се приклучи на традиционалната вечера за ифтар во Антверпен. Медиумите прецизираа дека вечерата била на покана на Ѓуленистичкото движење во Белгија, а тоа станало причина турското МНР да го повика белгискиот амбасадор во Анкара. Како што пренесува МИА  од кабинетот на белгискиот премиер појаснија дека Де Кро не учествувал на вечерата за политичка цел.

Tags: БриселСудир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ