• Latest
фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

Судот му определи куќен притвор на Драги Рашковски

April 16, 2021
фото: скриншот

Фетаи: Методологијата за правичната застапеност ќе се базира на последните резултати од пописот

June 24, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Бројот на жртви во Газа надмина 56.000

June 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Цените на нафтата и златото паднаа на двонеделен минимум по примирјето меѓу Израел и Иран 

June 24, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителството одлучи во корист на новинарот кој со телефон ја снимил портпаролката на Град Скопје

June 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
DW News

САД се целосно посветени на НАТО, вели Руте пред самитот во Хаг

June 24, 2025
Фото: Скриншот Х

Израелските сили убија најмалку 25 лица кои чекале хуманитарна помош во Газа

June 24, 2025

РЕАКЦИИ: „Операцијата“ на САД во Иран – крај за МАГА и Трамп

June 24, 2025

Герила акција – 100 дена Кочани: „Луѓето во одела тие прават злодела“; „Кој ќе ве гласа ако нè убиете или избркате сите“; „Колку крв ви тежат џебовите“

June 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Иран негира дека го прекршил примирјето, по обвинувањата на Израел и заканата со „моќни напади“ врз Техеран

June 24, 2025

Ормуски теснец – зошто е толку важен, кои би биле последиците од затворањето, и дали Иран ќе одлучи да го затвори

June 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судот му определи куќен притвор на Драги Рашковски

April 16, 2021 17:58
in ВЕСТИ, ПРАВДА
фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

Share on FacebookShare on Twitter

Куќен притвор за поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, осомничен во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци, му одреди попладнево судија на претходна постапа во Основниот кривичен суд -Скопје по четиричасовниот распит На распит беше спроведен и Даниел Станчевски од Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“ од кое Генералниот секретаријат на Владата го купил софтверот за определување на брзина на возила во сообраќај и изрекување казни, кому судот исто така му определи мерка куќен притвор.

-По произнесување на јавниот обвинител во однос на предлогот со кој бара определување мерка притвор заради постоење на основите од член 165 ст.1.т.1 и 2 односно (т.1) опасност од бегство со оглед да осомничените се имотни и (т.2)влијание на сведоци и попречување на истрагата, како што е наведено во предлогот, како и произнесување на осомничените во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка донесе решенија со кои на осомничените им определи мерка куќен притвор како и
мерка Забрана за комуникација со другите осомничени и  Забрана за користење на средства за комуникација, стои во соопштението од Основнииот кривичен суд Скопје

Имено, се наведува,  во предлогот обвинителот не приложил докази во поткрепа на основите на сомнение заради кои се бара притвор, односно не приложил доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Што се однесува до предлогот на обвинителството за определување мерки за претпазливост за две други лица опфатени со истрагата, истите, согласно Законсктие одредби дополнително ќе бидат повикани да се произнесат по што ќе се одлучува.

Рашковски беше спроведен во Основниот кривичен Суд – Скопје пред судија на претходна постапка, по предлогот на ОЈО кое бараше определување мерка притвор, поради опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за случајот вчера донесе наредба за спроведува истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик.

Според Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка спровел јавни набавки спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени согласно прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства и за три економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и притоа да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Р.С.Македонија во вкупен износ од 11.018.321,00 денари (179 159 евра).

Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка наместо преку Електронскиот систем за јавни набавки, првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот, донел одлука за избор и склучување на договор и исплата на фактурите, иако софтверот не бил имплементиран.

Вистината за случајот со набавката на софтвер за контрола во сообраќајот да се провери преку институциите, побара Драги Рашковски во писмото со кое пред два дена си поднесе неотповиклива оставката од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на Програмата на Владата, порачувајќи дека нема затскривање позади функции.

Премиерот Зоран Заев ја прифати оставката. По оставката на Рашковски, од Владата го повторија ставот дека набавката на софтверот за контрола во сообраќајот е спроведена во целосно транспарентна процедура во целосна согласност со Законот за јавни набавки.

Основното јавно обвинителство за организиран криминал на 18 март отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот, а на 9 месецов беше извршен претрес во просториите на фирмата „Инвока груп“ од која е купен софтверот.

Државната комисија за спречување на корупцијата на 10 минатиот месец отвори предмет за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот којшто го распишал  Драги Рашковски како генерален секретар на Владата, а се проверува и имотната состојба што ја пријавил во анкетниот лист.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ