Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница треба да избере претседател на Основен суд Скопје 1, на што ќе претходи усвојување на конечната ранг листа за оваа функција, јавува МИА.
Претходно, членовите на Судскиот совет ќе ја разгледаат оставката в.д. претседателот на скопскиот Кривичен суд Стојанче Рибарев, кој ја поднесе на 25 октомври од лични причини.
Рибарев ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Кривичен суд Скопје од мај годинава.
На дневен ред на седницата е разгледувањето и оценувањето на извештаите за работата на судовите на Република Македонија за третото тромесечие за 2017 година.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.