• Latest

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

June 1, 2023

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

June 1, 2023 14:02
in ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки во надлеженост на Судскиот Совет во кои се оценува или одлучува за судии, претседатели на судови, иако тие судии или претседатели на судови воделе предмети во кои инволвирано лице како тужен или тужител, бил нејзиниот сопруг Младен Дамев, претседател на Управниот Одбор и генерален директор на „Скопски пазар“ кој се јавува како оштетен и како тужител во неколку предмети што се воделе, и што сѐ водат во Кривичниот и во Апелациониот суд.

Со ова членката на Судскиот Совет Весна Дамева постапила спротивно на член 33 од Законот за Судски Совет, според кој била должна „веднаш да престане со својата работа во постапките од надлежност на Советот во моментот на осознавање за постоење на причини што ги опфаќа овој член и за тоа да го извести Советот“, кој доколку утврди постоење на околности кои може да предизвикаат сомневање во непристрасност на член на Судскиот Совет, е должен веднаш за тоа да го извести Советот, кој ќе донесе соодветна одлука.

Наместо тоа, Весна Дамева речиси цела година, односно од март минатата година кога била определена за член на Комисијата за рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд, за избор на судија во основен суд и за избор на претседатели на судови, не постапила како што налага Членот 33 од Законот за судски совет.

И наместо „веднаш да престане со својата работа во постапките од надлежност на Советот во моментот на осознавање за постоење на причини што ги опфаќа овој член и за тоа да го извести Советот“, како што налага овој член на законот кој всушност е превенција на судир на интереси, Дамева за ова доставила две известувањa на 29 мај оваа година, еден ден пред седницата на Судскиот Совет кој за ова требаше да расправа под точката „разно“.

Во првото известување до Судскиот Совет, Весна Дамева се повикува на својата законска обврска да биде изземена како членка на Комисијата за рангирање во постапките за евалуација на судии од Кривичен, Граѓански и Апелационен суд кои водат судски предмети во кои нејзиниот сопруг кој како претседател на УО и генерален директор на „Скопски Пазар“, се јавува како тужител и како оштетен.

И дотука работите би биле во ред, но членката на Судскиот Совет и поранешната претседателка Весна Дамева, до Советот, кој, меѓу другото, е надележен за избор и разрешување судии и  претседатели на судови, да ја следи и оценува работата на судиите и да одлучува за ниното напредување, доставила и второ известување.

Од двете известувања на Весна Дамева до Судскиот Совет, во кои Рацин.мк има увид, а особено во овој втор допис, Дамева практично известува дека таа била членка на Комисијата на известители по барање за утврдување одговорност за предмети во кои нејзиниот сопруг Младен Дамев бил оштетен во предмет на Основниот Кривичен суд за кој е донесена пресуда уште на 26.02.2021 година, на што ја потсетил токму најзиниот сопруг и тоа на 22.05.2023 година, односно само пред 8 дена.

Со ова второ известување до Судскиот Совет доставено на 29 мај годинава, еден ден пред последната седница на Советот, Дамева, практично бара да биде изземена од постапки во кои се одлучува за рангирање на судии, а за кои е потврдено дека одлучувале по предмети во кои Младен Дамев, нејзин сопруг, се јавува како тужител или оштетен – пост фестум, односно цела година подоцна откако таа била во позиција да одлучува во евалуацијата на судиите што ги воделе тие предмети.

Во второто известување до Судскиот Совет, во кое се повикува на предметот „Таргет-Тврдина“, како случај во кој нејзиниот сопруг е оштетена странка, Весна Дамева гласала за поддршка на извештајот на Комисијата која предложила покренување постапка за разрешување на судијата Енвер Беџети, иако според Членот 33 од Законот за Судски Совет морала да се изземе од гласање.

За сето ова што директно ја доведува членката на Судскиот Совет Дамева во релација која навестува прекршување на Членот 33 од Законот за судски Совет со кој се регулира судирот на интереси на членовите на ова тело, Советот требаше да се произнесе на седницата од 30 мај, но заради големиот број претставки за кои се одлучуваше, за известувањата на Весна Дамева Судскиот Совет ќе расправа и ќе заземе став или одлука на продолжението на седницата закажана за понеделник, на 5 јуни.

Членот 33 од Законот за Судски Совет, кој ги регулира случаите за изземање на членовите на ова тело, предвидува дисциплинска постапка ако член на Советот не постапи согласно одредбите на овој член, кој во првиот став утврдува дека „Член на Советот не учествува во работа на Советот во постапки во кои се одлучува за судија, претседател на суд, кандидат за судија или кандидат за претседател на суд со кој е во брачна или вонбрачна заедница или во роднинска врска по права линија до кој било степен“.

Извор: Рацин.мк

Tags: судир на интересиСудски совет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ