Со вкрстено испрашување на вештакот Игор Костов, денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот на СЈО „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.
Костов на претходно рочиште кажа дека од документите од тендерот за набавка на опрема, машини и возила се гледа дека тие биле набавени, но дека до 14.11.2011 година во сметководство на „Трансмет“ не се евидентирани ниту имало плаќања за нив. Спорно, како што рече, е тоа што фактурите се книжени, а потоа плаќани профактурите.
На минатото рочиште одбраната приложи нови документи како докази што беа прифатени од Судот и од СЈО.
Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.
Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.