• Latest

Сулимани: Гласот на народот е услов за повисока институционална одговорност

November 13, 2017

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сулимани: Гласот на народот е услов за повисока институционална одговорност

November 13, 2017 16:23
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Џенис Сулимани, новинар во „Лајм Прес“ во интервју за ЦИВИЛ Медиа изјави дека е потребно што повеќе граѓани да се критични и активни за да институционалната одговорност кон нив да биде поголема.

ЦИВИЛ: Кои се вашите гледишта за слободата на изразување, слободата на медиумите и активизмот?

Сулимани: Јас како политиколог, кој моментално работи како новинар, мислам дека света мисија на секој слободен граѓанин е пропагирањето на слободата на изразување, а во оваа област треба да работи секој од нас, без разлика дали е студент, професионалец во некоја област, универзитетски професор, новинар, значи сите треба да се обидуваме што е можно повеќе да се шири слободата на изразување. Јас како новинар се трудам преку пишување и мое инсистирање, да влијаам на институционалната одговорност врз граѓаните, да иницирам и мотивирам и други на поактивен начин да бараат одговорност од институциите. Кога ќе расте бројот на тие кои бараат одговорност од институциите, автоматски ќе влијае слободата на изразување да добие поголема димензија. Гледаме луѓе кои се активни на социјални мрежи и во други области на граѓански активизам, ова, исто така, влијае во слободата на изразување да добие поголема вредност во Македонското општество, независно од етничката или религиозната припадност.

ЦИВИЛ: На кој начин вие придонесувате во унапредувањето на слободата на изразување, слободата на медиуми и активизмот?

Сулимани:   Во одговорот на првото прашање, потенцирав дека ова како света мисија, ме обврзува мене и во професијата како новинар да ја ширам и пропагирам ова идеја. Обично со другарите и колегите со кои сум опкружен, инсистирам оваа тема да ја третираме почесто. На пример, преку различни анкети да ја покренеме граѓанската свест, а како медиум се трудиме 2 до 3 анкети во недела да бидат поврзани со важни прашања за јавното мислење, но, следиме како различни медиуми при креирање на јавното мислење се трудат да создадат слика на луѓе диригирани од центрите на моќ, додека многу малку го слушаат гласот на народот. Vox Populi е многу избледен, така што, се обидуваме да поттикнеме случајни минувачи да зборуваат за важни прашања, и нивниот глас да се слушне. Гледајќи дека многу луѓе се храбри да зборуваат за тоа што е заеднични интерес и на овој начин се мобилизираат и електризираат и другите граѓани, и ако вака продолжи, тогаш, гласот на народот ќе добие вредност и ќе имаме повеќе луѓе кои ќе бараат одговорност од институциите, но и спремни да бидат дел од граѓанскиот активизам.

ЦИВИЛ: Дали се соочувате со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со нив?

Сулимани: Синџирите на власта секогаш се трудат да го стишат гласот на тие што критикуваат. Нема некој посебен рецепт што би го препорачал како да се извлечеме од случаи на притисок врз нашето пишување или за подигнување на гласот за некоја девијантна појава. Меѓутоа, секогаш инсистирам секоја наша критика да биде структурирана врз основа на факти и најмалку два извора. На овој начин им оневозможуваме на моќните да влијаат врз нас, ако тие се потрудат на нечовечки начин да реагираат врз нас, тогаш, ние да имаме заснована критика, утре да можеме и институционално да се спротивставиме на „темните“ сили, кои се обидуваат да го намалат критичкиот глас во општество. Критичкиот глас е локомотивата на едно општество и е единствениот начин за спротивставување на темните активности на власта.

ЦИВИЛ: Што би препорачале вие за унапредувањето и заштитата на слободата на изразување, слободата на медиуми и човековите права?

Сулимани: Препорачувам кај младите да се подигне свеста за критика и граѓански активизам, младите да имаат посериозен пристап кон образованието, да бараат повеќе од образовните политики, бидејќи, само со соодветно образование ќе имаме повисока свест за политиката, побогата култура и нам, што сме зачинети во ова сфера, ќе ни овозможат нашиот критички глас да биде здрав, отпорен, а со лични и групни примери да поттикнеме и други да го следат патот да бидат критични. Инсистирам на ова, бидејќи, најголемата одговорност за секоја институционална девијација, треба да ја носат државните институции, за да биде одговорноста поголема треба и критичкиот глас да биде посилен, затоа, за ова е потребна цела армија за слободата на изразување да добива повеќе вредност. Ако правиме ретроспектива, секој систем инсистирал да го намали критичниот глас или слободата на изразување, било тоа и власт со суфиксот или префиксот демократија. Не е само името доказ за власта дали е демократска или не. Државата добива демократија само кога слободата на изразување е поголема, за да биде слободата на изразување поголема потребна е голема армија и повисок критички глас.

Фари Хисени

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: @активизамкритикамедиумска слободаслобода на изразувањеЏенис Сулимани
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ