• Latest
Војо Маневски

Св. Трифун и св. Валентин

February 12, 2021
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Св. Трифун и св. Валентин

February 12, 2021 08:02
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Календарот е чудна појава, знае некогаш според неговите правила да ни приреди посебни денови во годината. Оваа недела е еден од таквите. Ем што е ден кога не се работи по божјиот, а сега и по нашиот закон, ем оваа година му се придружија и двајца светци што треба да ги одбележиме. Малку нѐ загрижуваат метеоролозите со нивните предвидувања за студеното време, ама нас ни короната нѐ не спречи да славиме, па што останало со некаква ниска температура. Такви проблеми решаваме во од.

Кога веќе сме донеле одлука да прославуваме, да видиме дали можеме да ги славиме заедно? Значи овој пат славењето посебни празници ќе го оставиме настрана. Нема да формираме комисија со експерти, зошто додека да се договорат кому му припаѓаат светците и да ги исчитаат сите анали поврзани со нив, ќе дојде друг поголем празник, па ќе мора да споиме едно три-четири викенда да ги одбележиме сите.

Значи, ќе мора сами да се снаоѓаме. За почеток ќе утврдиме дека живееле отприлика во исто време. Во третиот век од новата ера. Сè уште нема поделба на католици и православни. Тогаш постоела една црква која го барала своето место во тогашниот свет. Едниот живеел на Исток од империјата, другиот на Запад. Значи биле поданици на ист владетел. И едниот и другиот биле верници и луѓе што со добрина и добри совети ја ширеле својата вера. Валентин бил свештеник, а Трифун бил земјоделец и чувал гуски.

Сознанието, зошто господ бог ги дарувал со моќ да им помагаат на луѓето е надвор од ингеренциите дури и на нашите политичари, кои ги доживуваме како семоќни. Но, запишано е дека Валентин го проповедал божјото слово, па дури и црква изградил. Трифун знаел со разни мелеми да ги лекува луѓето, а најмногу му се ценел добриот збор, што ги лекувал луѓето кои изгубиле надеж во своите блиски и во човечкиот род. Валентин ги советувал војниците да се женат пред да одат во војна, а царот барал тие да останат ергени додека се во неговата служба. Знам дека ова ве потсетува на модерните мултинационални компании, но верувајте, сличноста е неслучајна.

Трифун се прочул како исцелител дури до царската палата. Ќерката на царот Гордијан била болна од некоја болест што ѝ го обзема духот. Навистина е чудно како некој од туѓа злоба и омраза може да се разболи, а тогаш немало социјални мрежи. Мора сепак да имало дворски сплетки и злобност. Трифун ја излечил иако нема податоци за терапијата, ниту од која фармацевтска куќа е лекот. Нема податоци ниту за протоколот и правилникот според кој се давал лекот. Мора да имаме разбирање, сепак се работи за стариот век, а ние сме во новиот век. Колку сме подновени останува за дилема. Без тие современи знаења, Трифун ја излечил принцезата и затоа добил царски подарок. Не е запишано дали бил тендер некој, но што и да било тој го поделил со сиромасите од своето село и им се вратил на гуските.

Царската волја е безмилосна, па кога се побарало од Валентин да ја смени својата проповед кон војниците, а тој својата вера не сакал да ја менува за царска милост, бил казнет и обезглавен.

И царската милост не е вечна. Наследникот на Гордијан не сакал да има обврски кон клиентите на претходникот, па побарал Трифун да се откаже од својата вера и својата медицина. Не сакал царот некој друг да биде повлијателен кај народот, а и далеку се прочуло дека со добар збор ги лечи луѓето. Нема милост за прекршителите на царската волја – и тој бил обезглавен.

Ете како судбината им била слична на светците што во недела ќе ги славиме. И едниот и другиот се обидувале со добрина да помагаат, да ја слават љубовта место омразата. А таквите постапки се строго казниви и тогаш и сега.

Светците поради своите дела останале во сеќавањето на човештвото, иако им се додавани својства и обврски да заштитуваат и некои други божји створови. Трифун ги штити лозите и лозарите, а Валентин розите и лалињата.

Кога констатиравме дека светците нема да имаат ништо против да ги славиме во недела заедно, мора да се погрижиме и за целата постапка и протокол. Короната има удел во ограничувањата, но сепак достоинствено ќе ги испочитуваме светците. Дали прославата да ја направиме заедничка или споделена е првата дилема. Да ги водиме саканите  на лозјата и викендичките само навидум изгледа изводливо. Не дека Трифун ќе има нешто против, ама технички е неизводливо со високи штикли да се движи саканата по лозјето и закројува од прачките на лозата. Овде и Валентин ќе мора да прости за малата слабост во заљубеноста.

Заклучокот е, на светецот се молиме и го прославуваме во машко друштво и прво со Трифун се дружиме. Е кога сето внимание му го предаваме на Трифун постапката ќе може да продолжи. Друштвото секако однапред е договорено, а за почеток сите мора да се со ковид опрема. Маски од сите дезени и бои. Се бира најдобриот ред и најјаката лоза и се закројува. Неколку благослови и по неколку лути од ланската жолта. Светецот заштитник мора да се измоли за добар род и затоа добро мезе е задолжителен прилог кон главната молитва. Белото вино е на почеток зошто е хендикепирано што нема песни за него. Сите песни се за рујното вино. Таа една е таговна – Бело вино зошто не си црвено и рујно. Ова ни на двајцата светци не би им се допаднало. Интересна е заситеноста на воздухот со разни песни и музики. Сигурен сум дека ни еден не е разбирлив за светците. А и подобро е така, зошто под влијание на молитвите кон Трифун ќе поставуваме незгодни прашања од типот, кој јазик се зборувал во нивно време и ќе влечеме заклучоци – кој од сегашните е постар. А светците се овде да нè разберат, без разлика на кој јазик им ги упатуваме молитвите.

Со молитвите кон Трифун како сепаратен дел од празникот ќе мора да се разделиме, зашто обврската кон Валентин останува. Поклониците на молитвите кон него минатите години имаа резервирано вечера во некој од рестораните, ама короната направи домаќинска распределба на славењето. По поклонувањето на Трифун мора да си одиме дома за да провериме колку е издржлива вљубеноста кон понежниот пол. Несомнената последица од молитвите кон Трифун по малку ја нарушуваат координацијата при одењето, ама молитвите кон Валентин го изоструваат погледот и насмевката ја прават широка. Подарокот купен од завчера е од несогледлива помош при првото постројување пред  љубената. Како на строев чекор се приоѓа и достоинствено се подава подарокот. Опасноста од благословените испарувања се сокрива со стиснати усни како за бакнеж и се чека реакција.

Можна е тирада од десеттина минути кога се споменуваат имињата на другарите, месноста каде е лоцирано лозјето и анатема за некои од течностите што се употребувани во целиот процес на молитви и поклоненија кон Трифун. Ако ова се издржи достоинствено и се доведе во ред нарушениот изглед, стигнуваат здравствените прашања.

Едно кафе би било добро, а може и топол чај. Додека љубената го подготвува неопходниот медикамент, св. Валентин ти го управува погледот и одеднаш заклучуваш дека убавината на партнерката некако дошла до израз. Како да  направила нова фризура, а и убаво здолниште носи. Веднаш заклучуваш дека си бил во право кога си се вљубил. Гледаш да се сместиш удобно во фотелјата и со двете раце ја прифаќаш топлата шоља. Со раката ти ја проверуваат температурата, а приговорите што секој ден те вадат од такт сега ти звучат како балада од Балашевиќ. Празниците полека заминуваат, а низ клепките ти се чини дека св. Трифун и св. Валентин се веднаш до прозорецот и задоволно констатираат дека се светци на сите добри луѓе. Оние другите имаат некои други светци, спрема луѓето и светците, спрема светецот и тропарот.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ