• Latest

Свечен собир на МАНУ по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

December 20, 2021
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА

Свечен собир на МАНУ по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

December 20, 2021 15:06
in ВЕСТИ, НАУКА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Чествувањето на Блаже Конески е чествување на кодот на нашата држава и нација, кодот на нашиот бит и нашиот идентитет. Денес, не е доволно само свечено да го чествуваме делото на Блаже Конески, неопходно е да ги почитуваме неговите научни придобивки за континуитет на македонскиот јазик, културна и национална историја. Тие треба да бидат суверен и неотуѓив составен дел на македонскиот национален интерес, а националниот интерес е државен интерес. Кој го цени Конески, треба да ги цени придобивките од неговото огромно дело, кое заокружува една самосвесна вековна, културна, јазична и национална нишка. Нема друг избор.

Ова беше посочено на денешниот свечен собир во МАНУ, по повод 100-годишнината од раѓањето на македонски поет, писател, литературен преведувач и лингвистички научник Блаже Конески.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Никола Јанкуловски во своето пригодно обраќање посочи дека ниту еден друг универзитет во светот, освен Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје немал предавач, професор и ректор кој во изминативе децении остварил толкав влог во националната наука, култура и уметност, колкав што е влогот на Конески.

– Чествувањето на великанот Блаже Конески е чествување на кодот на нашата држава и нација, кодот на нашиот бит и нашиот идентитет. Нашиот Универзитет ќе немаше таква историја и цврсти темели без Конески. И не само нашиот Универзитет, туку ова важи и за сите институции и организации во чии што темели е градена сенката на Конески, вклучително и Македонската академија на науките и уметностите, и Друштвото на писателите на Македонија, рече Јанкуловски.

Кога станува збор за Универзитетот од една страна, потенцира Јанкуловски, Конески е дел од нашата историска лична карта пред светот, но од друга страна тој е придвижникот, кој што ги постави и димензиите на професор и научник, кон кој што секој од тимот на УКИМ треба да се стреми.

Според Јанкуловски, кога сите би го следеле примерот на Конески како научник и професор, но и педагог, остварувањата на севкупното наше општество би биле многу повисоки.

– Мора да сме одговорни и пред историјата и пред сегашноста и да се потсетиме дека Конески удри клучен дел од темелите на УКИМ не само како предавач, туку како личност, кој со пожртвуваност се има заложено и за формирање на првиот тим на тогашниот Филозофски факултет. Од потфатите на Конески произлезе ангажираниот кадар, кој потоа разви неколку факултети, кои денес сочинуваат голем дел од целината на УКИМ, рече Јанкуловски.

Според ректорот, минаа сто години од раѓањето на великанот, и како што рече, доблесно е сите да се запрашаме, „Се роди ли нов Конески ?“. За љубов на вистината, посочи тој, мора да признаеме дека одговорот на ова прашање не е потврден.

Јанкуловски додаде дека по заминувањето на човекот кој одбележа цела епоха на современата македонска култура и наука во државата, се уште „не се пројави друг придвижник, научник и творец, со толку темелито научно и уметничко дело“.

-Дај боже на секои сто години да ни се раѓа по еден Блаже Конески. Но, се уште нема друг кој едновремено има остварено толкав влог во македонската наука, култура и уметност, а со тоа и влог во македонската држава, како што стори Конески, додаде ректорот на УКИМ.

Неспорно е, како што рече тој, дека на Конески му должиме уште многу навраќања, препрочитувања и толкувања. – Сите имаме долг кон Конески, смета Јанкуловски.

Членот на МАНУ, Марјан Марковиќ на свечениот собир ја прочита пораката на академикот Катица Ќулавкова, секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука (ОЛЛН) при МАНУ и раководител на проектот „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески“, која не беше во можност да присуствува на настанот.

Во пораката, Ќулавкова потсетува дека Блаже Конески „го заокружува процесот на стандардизацијата на македонскиот словенски јазик зачнат во 9-от век во рамки на старословенскиот, подоцна и црковнословенскиот јазик од светите Кирил и Методиј“. Тој, следејќи ја подеднакво и историјата на јазикот, но и неговата современа употреба и структура ги поставува на врвно научно ниво нормите на македонскиот современ јазичен код.

– Блаже Конески со своето дело ја пренесува пораката дека јазикот има стратешки интерес за опстанокот на еден народ, за востановување на една нација и на една држава. Тој смета дека македонскиот јазик е македонски национален интерес, а не национален интерес на соседите, се вели во пораката на Ќулавкова.

Затоа, според Ќулавкова, должност на македонскиот народ, но и на македонските државни институции е да се спротивстават на пропагандите кои го негираат постоењето и идентитетот на македонскиот јазик и му ја одземаат стекнатата функција на главен и единствен државен јазик.

– Денес не е доволно само свечено да го чествуваме делото на Блаже Конески. Неопходно е да ги почитуваме неговите научни придобивки за континуитет на македонскиот јазик, културна и национална историја. Тие треба да бидат суверен и неотуѓив составен дел на македонскиот национален интерес. А националниот интерес е државен интерес, смета Ќулавкова.

Таа подвлекува дека ако се отстапи од јазичното, културното и историското наследство на македонскиот народ, тогаш ќе се отстапи од сувереноста на македонската држава, ќе се поткопаат нејзините темели, а последиците можат да бидат трагични и неповратни

– Затоа, да чествуваме, но и да го одбраниме нашето цивилизациско и национално право на историско, јазично, културно, црковно, уметничко и научно наследство. Кој го цени Конески, треба да ги цени и придобивките од неговото огромно дело, кое заокружува една самосвесна, вековна, културна, јазична и национална нишка. Нема друг избор, смета Ќулавкова.

Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев по повод годишнината од раѓањето на Конески потсети на „континуитетот на нашето духовно траење и на нашата состојба во периодот од школата на Климент Охридски до школата на Блаже Конески, што се нераскинлив дел од нашето суштествување“.

Коцарев ги цитираше зборовите на Конески „Поетот не создава ништо, она што го прави поетот поет, тоа е особената усет за речевната дејност на колективот, така што крајниот продукт, односно песната, е плод на комплициран процес во кој учествуваат наведените три фактори – традицијата, колективот и авторот“.

На свечениот собир омаж за Конески читаа академиците Зузана Тополињска и Влада Урошевиќ, а во вториот дел на собирот беше претставено уметничкото и научното дело на Блаже Конески во контекст на критичкото издание на неговите целокупни дела на МАНУ.

Се работи за 12 тома со целокупните дела на Блаже Конески, а соодветните томови ги претставија професорите Венко Андоновски, Наташа Аврамовска, Иван Џепароски, Анастасија Ѓурчинова, Красимира Илиевска, Марјан Марковиќ, Веселинка Лаброска, Људмил Спасов, Лилјана Макаријоска и Станислава-Сташа Тофоска.

На Свечениот собир беше промовирана и веб-страницата со дигиталните изданија на објавените томови од „Критичкото издание на целокупните дела на Блаже Конески“, што ја подготви Истражувачкиот центар за реална лингвистика при МАНУ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ