Сведокот Ресмије Беслимова, во судскиот процес „Титаник 3“, во видео врска со скајп од суд во Германија, сведочеше дека обвинетите Ејуп Алими и Исмет Гури влегле во канцеларијата на општина Чаир, каде се носеле записниците.
„Неколку пати влегоа и ме прашаа дали може да се напрви далавера“, рече Беслимова.
Таа тврдеше дека Алими зел дел од записниците кои ги скрил под палтото, а таа не реагирала бидејќи била многу исплашена.
„По некое време Гури и Алими ги вратиле записниците“, рече сведокот.
И по враќањето на записниците таа не рекла ништо, бидејќи била многу уплашена.
А. З.












