• Latest

Сведоштва од Иран: Смртоносна репресија врз демонстранти и сериозни обвинувања за кршење на човековите права

January 13, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Сведоштва од Иран: Смртоносна репресија врз демонстранти и сериозни обвинувања за кршење на човековите права

January 13, 2026 09:03
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сведоци од различни делови на Иран опишуваат насилна и координирана акција на безбедносните сили против антивладините протести што избувнаа низ целата земја поради влошената економска состојба,се наведува во статија на Би-Би-Си.

Омид, демонстрант во раните четириесетти години од мал град во јужен Иран, за Би-Би-Си изјави дека безбедносните сили пукале директно кон невооружени демонстранти со автоматски пушки од типот „калашников“. Зборувајќи со треперлив глас и под услов на анонимност, тој рече дека луѓето паѓале мртви таму каде што стоеле.
„Со голи раце се бориме против брутален режим“, вели тој.

BBC доби бројни, меѓусебно усогласени сведоштва кои опишуваат ист образец на насилство во градови низ целата земја. По ескалацијата на протестите минатата недела, властите го прекинаа интернетот, што дополнително го отежна независното известување. Инаку, BBC Persian има забрана за работа во Иран.

Еден од најмасовните бранови протести се случи во четвртокот, дванаесеттата ноќ на демонстрациите, откако на протести повика Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах. Следниот ден, врховниот лидер Али Хамнеи изјави дека „Исламската Република нема да отстапи“. Според сведоци, токму по таа изјава започнало најжестокото крвопролевање.

Во Техеран, демонстрантите го опишуваат градот како бојно поле. Една млада жена рече дека четвртокот бил „како судниот ден“, со протести дури и во населби каде тоа никогаш не се случувало. Во петокот, вели таа, безбедносните сили „само убивале и убивале“, по што многумина се повлекле во своите домови и скандирале од улички и станови.

Сведоци од Фардис, западно од Техеран, изјавија дека припадници на паравоената формација Басиџ одеднаш се појавиле по часови без полициско присуство и почнале да пукаат со вистинска муниција. Наводно, неозначени возила влегувале во маала и пукале кон жители кои воопшто не учествувале во протестите.
„Во секоја уличка умираа по двајца или тројца“, изјави еден сведок.

Меѓународните медиуми не можат слободно да работат во Иран и најчесто се потпираат на организации за човекови права надвор од земјата. Според организацијата Iran Human Rights, најмалку 648 демонстранти биле убиени, меѓу нив и девет деца, но сведоци тврдат дека вистинската бројка е многу поголема. Од Би-Би-Си велат дека  не можат независно да ги потврдат овие податоци, а иранските власти не објавуваат официјални и транспарентни бројки.

Од друга страна, иранските државни медиуми тврдат дека околу 100 припадници на безбедносните сили биле убиени и ги обвинуваат демонстрантите – кои ги нарекуваат „бунтовници“ за палење џамии и банки.

Видеа потврдени од BBC Persian покажуваат запалени полициски возила и државни објекти во повеќе градови. Најголем дел од сведоштвата доаѓаат од големи урбани центри каде што постои ограничен пристап до сателитската мрежа Starlink. Информациите од помалите места, каде што наводно имало многу жртви уште на почетокот, се оскудни.

Медицински персонал, сестри и лекари,  за Би-Би- Си изјавија дека болниците биле преплавени и не можеле да им помогнат на сите тешко повредени, особено оние со повреди на главата и очите. Дел од телата, според сведоци, не им биле предадени на семејствата.

Снимки од форензичкиот центар Кахризак во Техеран покажуваат голем број тела кои чекаат идентификација, додека семејствата трагаат по исчезнатите. Слични информации доаѓаат и од Машхад и Рашт. Во некои случаи, според извори, безбедносните сили барале пари пред да ги предадат телата.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека е „шокиран од извештаите за насилство и прекумерна употреба на сила“. Специјалната известителка на ОН за Иран, Мај Сато, предупреди дека, без разлика на конечниот број жртви, употребата на смртоносна сила против демонстранти е длабоко загрижувачка.

Д. Т. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ