На иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и ОН, светските лидери ќе одлучат денеска,
на петтиот ден по катастрофалната експлозија во Бејрут, да соберат помош за Либан на видео самит.
Виртуелниот самит беше закажан во 14 часот, а американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека планира да се приклучи на разговорите.Официјално се проценува дека експлозијата на 2.750 тони амониум нитрат во пристаништето во Бејрут предизвикала материјална штета од околу 15 милијарди долари, смрт на 158 лица, 5.000 повредени, па дури и 300.00 без покрив над главите.
Светските сили се должни да му помогнат на либанскиот народ по катастрофалната експлозија што уништи голем дел од Бејрут, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон на отворањето на донаторската конференција за Либан.
– Треба да дејствуваме брзо и ефикасно, така што оваа помош да оди директно таму каде што е потребна, рече Макрон, додавајќи дека „иднината на Либан е во прашање“.
Тој исто така рече дека понудата за помош вклучува поддршка за непристрасна, веродостојна и независна истрага за експлозијата во пристаништето на 4 август, во која загинаа 158 лица.
Неколку илјади луѓе вчера излегоа на улиците на Бејрут во знак на протест против владата, а полицијата употреби солзавец кога демонстрантите почнаа да фрлаат камења и да упаднат во зградите на либански
министерства.
Премиерот на Либан, Хасан Диаб денеска најави дека ќе предложи одржување предвремени избори во земјата, откако експлозијата во центарот на Бејрут во вторникот ја продлабочи кризата.
Во телевизиско обраќање, Диаб ги повика сите политички партии да ги остават несогласувањата настрана и да работат заедно.
Тој додаде дека е подготвен да остане на функцијата наредните два месеца, за да им даде време на политичарите да спроведат структурни реформи.