• Latest

Into the Light: Светски моден перформанс на Анук Випрехт, спој на вештачка интелигенција, мода и технологија

December 10, 2022

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Поранешен австралиски политичар осуден на повеќе од пет години затвор за сексуални злосторства

October 31, 2025

Притвор за тетовец кој се заканувал со убиство на жена и партиски функционери на Фејсбук

October 31, 2025

Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1 013 375 граѓани, за гласање пријавени 4 826 болни

October 31, 2025
Фото; Скриншот од видео

Украинската Курска група на сили сè уште држи позиции на руска територија

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Into the Light: Светски моден перформанс на Анук Випрехт, спој на вештачка интелигенција, мода и технологија

Модни дизајни со вештачка интелигенција, кои дишат заедно со човечкото тело

December 10, 2022 10:42
in КУЛТУРА, ТЕХНОЛОГИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Синоќа, во фоајето на Националната опера и балет се случи гала моден настан насловен „Осветлено“ (Into the light). Специјална гостинка на вечерта беше светски познатата холандска модна дизајнерка Анук Випрехт (Anouk Wipprecht). Настанот беше во организација на Амбасадата на Кралството на Холандија во соработка со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко металуршкиот факултет во Скопје, под менторство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

Модниот настан беше заокружување на поголем проект, кој се одвиваше  во неколку фази. На почетокот, Анук Випрехт одржа неколку мастеркласови со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека. На овие презентации студентите добија конкретни насоки како да ја користат современата технологија во модниот дизајн. Потоа, холандската дизајнерка заедно со професорката Георгиева одржаа и неколку работилници на кои студентите создадоа оригинални модни дизајни, кои беа претставени  на модниот настан. Гостите, помеѓу кои беа присутни истакнати дипломати, политичари, луѓе од јавниот живот во Скопје и претставници на медиумите, имаа ретка можност да  погледнат и дел од оригиналните високотехнолошки модни дизајни на Анук.

Настанот го отвори Амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп.

„Холандија е еден од светските лидери кога станува збор за иновации и висока технологија. Дизајните на Анук Випрехт презентирани во првиот дел на вечерта ни покажаа што може да направи холандската високотехнолошка мода. Вториот дел и делата на студентите ни покажаа што можеме да направиме заедно. Северна Македонија е наш партнер и се надеваме дека наскоро ќе имаме уште поблиска соработка на сите полиња, вклучувајќи ја и модната индустрија, во рамките на отворениот европски пазар“, истакна Јан Коп.

„Голема благодарност до Амбасадата на Кралството на Холандија за укажаната доверба и иницијативата за соработка. Искуството низ кое поминаа студентите е значајно за нивниот понатамошен развој. Имавме ретка можност да уживаме во креативниот процес и во соработката со Анук“, вели професорката Лидија Георгиева, која неодамна, заедно со „Завар дизајн“ земаа учество на Модната недела во Белград, а на синоќешниот настан беа претставени и овие дизајни.

Анук Випрехт е иновативна дизајнерка, приврзаник на модната технологија (FashionTech) и создава раритетна комбинација на модни парчиња, кои се комбинација на инженерство, наука и дизајн. На автентичен начин ја спојува модата и технологијата, а нејзините дизајни се стремат кон вештачка интелигенција, како своевидни системи „домаќини“, и делуваат како да дишат заедно со човечкото тело и реагираат на непосредната околина.

Fashion and technology - Anouk Wipprecht

1 of 7
- +

Сензорите вградени во дизајнот го следат просторот околу оној што го носи, а сензорите за телото го детектираат нивото на стрес како удобност или вознемиреност. Нејзиниот најпознат „Spider Dress“ базиран на модулот Intel-Edison е совршен пример за оваа естетика, каде што сензорите и подвижните раце на фустанот помагаат да се создаде подефинирана граница на личниот простор.

„Овој роботски фустан напаѓа доколку некој премногу ви се приближи“, вели Випрехт.

Освен рачни уреди, дизајнерката истражува како можеме на нови начини, преку нашата облека да комуницираме со светот околу нас. Таа активно соработува со Интел, АутоДеск, Гугл, Мајкрософт, Самсунг, Адидас, Дизни, Сваровски, Ауди, со најпознатиот циркус „Сирк де Солеј“ и со компаниите за 3Д печатење, додека истражува како би изгледала нашата иднина доколку продолжиме да ја вградуваме технологијата во она што го носиме. Таа работи и живее на релација помеѓу Сан Франциско, Лос Анџелес, Мајами и Амстердам.

Дизајните изработени од студентите ќе бидат изложени во просториите на Млади Хаб од понеделник 12 декември.

Фото: Томислав Георгиев и Горан Бошковски

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Амбасада на Кралството на ХоландијаМоден настанСКОПЈЕ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ