Најмалку 3.000 луѓе вечерва формираа светлечки синџир во знак на протест поради формирање на влада, во која би била вклучена ултра десничарската Слободарска партија.
Демонстрантите држејќи свеќи, факели, велосипедски светла го опколија делот од Виена, каде се наоѓаат владините институции.
„Најзначајните политички канцеларии на нашата Република треба да биде исклучително резервирани за лица од доверба, кои ни најмалку не се поврзани со десничарските екстремисти, изјави Александер Полак, портпарол на СОС Митменса, една од групите за заштита на човековите права, кои ги органиизраа демонстрациите.
Тоа беше најголемиот протест во Австрија откако пред две недели почнаа преговорите за формирање на коалициска влада меѓу конзервативната Народна партија (ОВП) и Слободарската партија (ФПО).
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.