• Latest

Танер: За Австрија приоритет останува проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан во одбранбената политика

April 24, 2023
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Танер: За Австрија приоритет останува проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан во одбранбената политика

April 24, 2023 17:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Војната во Украина уште повеќе нагласува колку е битно нашите пријатели од Западен Балкан да ги поддржиме на нивниот пат кон европската иднина. За Австрија и понатаму останува главен приоритет проширувањето со земјите од Западен Балкан во безбедносната и одбранбената политика. Од австриска страна е посакувано Северна Македонија да ги продолжи и да се реализираат пристапните преговори со ЕУ и тоа преку конкретни чекори кои ќе значат голем напредок. 

Ова го изјави австриската федерална министерка за одбрана Клаудија Танер на заедничката прес-конференција во Скопје со нејзината колешка и домаќин министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа напомна дека во особено тешки времиња со кои денес сите се соочуваме доаѓа до израз колку се битни дипломатските односи помеѓу земјите, односно улогата на мултилатералните партнерства во кои Австрија веќе со години учествува заедно со земјите од Западен Балкан, а особено со Северна Македонија.

Стабилноста и безбедноста на земјите од Западен Балкан е нешто што треба да се постигне и тоа не е нешто што е цел само за тие земји, туку вистинска цел и за нас. Притоа, не треба да заборавиме на една околност. Војната во Украина се уште не е завршена. Крајот на оваа војна се уште не може да се согледа, а не е исклучена и можноста од проширувањето на војната во насока на Европа од гледна точка на нашите експерти. Затоа е уште повеќе битно превентивно да се делува за да се зголеми стабилноста таму каде што е нужно таа да се реализира за да се зголеми способноста за пружање отпор во загрозените региони и за да може да се поддржат напорите за одбрана од сите закани кои доаѓаат од надвор. Со тоа ние можеме да дадеме голем придонес во нашата заедничка безбедносна и одбранбена политика, рече австриската министерка.

На новинарско прашање таа потврди дека на денешната средба со Петровска зборувале и за уставните измени, кои се услов земјата да продолжи со пристапните преговори со ЕУ, нагласувајќи дека тоа се прашања кои се исто така многу битни за Виена, како што се битни и за Скопје.

Зборувавме за следните чекори што би можеле да се преземат во оваа насока за Македонија побрзо да стане членка на ЕУ, посочи Танер.   

Министерката Петровска истакна дека посета на колешката Танер е уште еден доказ за тоа дека Северна Македонија и Австрија се партнери во справувањето со предизвиците со кои се соочува Европа, но покрај безбедносни предизвици, мора да бидеме прагматични, брзи и посветени на процесот за целосна интеграција во Европската Унија, зашто, вели, денеска на сите ни е јасно дека европската интеграција е и безбедносно прашање од највисок приоритет.

На регионот му е потребна надеж и сигнал – дека не е заборавен и дека се уште претставува приоритет за Европската Унија и тоа го гледаме и во вашата посета, особено имајќи предвид дека Австрија е наш близок партнер и поддржувач во достигнувањето на оваа цел. Да не дозволиме да се создаде вакум во кој европските вредности ќе бидат заменети со други агенди кои во последно време се особено видливи преку хибридните закани, дезинформациите и лажните вести, како и сајбер нападите. Ваквите напади не се воопшто наивни, туку имаат една повисока цел, а тоа е да се блокираат преговорите со ЕУ, да се подрие довербата во ЕУ, во НАТО, и во демократските институции. Во таа насока, ја цениме Австриската поддршка во рамките на „Кремс форматот“, како платформа, регионална за соработка помеѓу Австрија и земјите од Западен Балкан, рече Петровска.

Таа меѓу другото, нагласи дека Северна Македонија активно придонесува кон развојот на стабилноста, добрососедските односи и регионалната соработка во Југоисточна Европа, особено имајќи ја предвид нашата култура на дијалог и нашата способност за изнаоѓање решенија и за тешки билатерални прашања.

Ние припаѓаме на Европа и затоа сме амбициозни во заедничките напори за интензивирање на одбранбената соработка. Како членка на Алијансата, но и држава која го започна пристапниот процес кон Европската Унија, Северна Македонија изразува поддршка и има амбиција да се вклучи во одбранбените иницијативи на ЕУ, кои се комплементарни со улогата на НАТО, рече Петровска.

Танер и Петровска на средбата се осврнале и на трите мисии во кои учествуваат двете земји, како и на други заеднички проекти кои треба да ги поддржат двете земји.

Прашана дали смета дека Австрија треба да учествува во активности со единици кои ќе го чистат просторот во Украина од мини, Петровска рече дека позициите на Република Северна Македонија се многу јасни од самиот почеток на оваа криза.

Покрај политичката осуда и политичката поддршка која ја дадовме на Украина – осуда за Русија за овој чин, Република Северна Македонија одлучи и досега донесе осум одлуки за донација на воена опрема и вооружување со кои сметавме дека ќе придонесеме во одбраната на Украина, а не во поддржувањето на војната затоа што Украина е суверена држава која е нападната и има право да се одбрани, подвлече Петровска.  

Според неа, помошта и поддршката за Украина е прашање на национална одлука за кое што, вели, апсолутно има разбирање и ја поддржува и смета дека во процесот кој понатаму ќе следи, а тоа е на опоравување на Украина кога оваа војна конечно ќе заврши, е потребно секоја земја да учествува со оние капацитети кои ги има на располагање и за кои смета дека може да допринесе.

Во суштина и соработката помеѓу земјите се заснова и на тоа – да ги разменуваме нашите искуства, нашите капацитети и на крајот заедно да помагаме за една заедничка цел. Стабилизирање или завршување на војната во Украина е нешто што го посакуваме сите ние, за жал не зависи од нас но го посакуваме и апсолутно ќе придонесеме тоа да се случи. Но, се дотогаш остануваме посветени на поддршката на Украина, рече министерката Петровска.  

Австриската министерка Танер попладне ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски.

Tags: ЕУЗападен БалканКлаудија ТанерСлавјанка Петровска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ