• Latest

Тантуровски не чувстува одговорност

March 2, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тантуровски не чувстува одговорност

March 2, 2018 16:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Игор Тантуровски, претседател на Државната комисија за спречување на корупција не чувствува никаква одговорност и потреба за оставка по обвинувањето за корупција на антикорупционерите. Единствено што чувствува е политички притисок, јавуваат медиумите. За потсетување на јавноста, ЦИВИЛ побара оставка од Тантуровски и останатите членови на ДКСК уште во декември 2017 година. Во истото соопштение, ЦИВИЛ побара оставки и од ДИК. Но, ни по засилените јавни барања за оставка, одговорност нема.

Во соопштението од 12 декември 2017 стои:

ЦИВИЛ бара од ДКСК, пред да поднесе оставка, да поднесе целосен извештај за трошењето на јавните пари од оваа институција, според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (член 4 и член 12).

За да не дојде до недоразбирање, ЦИВИЛ не бара да се откриваат приватните податоци на членовите на ДКСК, но јасно и прецизно да се наведат збирните трошоци за плати на членовите на ДКСК, како и за хонорарите и бонусите во институцијата. Како и во случајот со ДИК, ЦИВИЛ бара ДКСК да даде податоци за патните трошоци во земјата и во странство, како и причините и резултатите од тие патувања, трошоци за репрезентација, сите јавни набавки и трошоци за комуникација во периодот 14 април 2015 до 12 декември 2017 година.

Колумнистот на ЦИВИЛ Медиа и член на Експертскиот борд на ЦИВИЛ, д-р Сашо Орданоски, добро забележува дека оваа институција не работи ништо, освен што ги троши јавните пари. Поточно, речиси ништо, бидејќи ДКСК беше значаен дел од жестокиот, последен напад врз граѓанското општество, пред самиот крај на режимот на Никола Груевски. По налог на ДКСК, 22 организации беа нападнати во јавноста и беа подложени на апсурдни истраги од инспекциите на УЈП со единствена цел – да се изврши притисок и да се попречи работата на истакнати организации на граѓанското општество.

Во рамките на мониторингот на институциите и политичките партии во текот на изминатите години, ЦИВИЛ во континуитет објавуваше извештаи и анализи за партизираноста, нискиот квалитет на работата и сериозни злоупотреби и кршење принципите на транспарентност и законитост во повеќе институции во земјата.

Во таа смисла, ЦИВИЛ побара оставка од ДИК на 11 декември 2016 година, веднаш по затворањето на гласачките места на предвремените парламентарни избори кои се спроведоа на тој датум.

Следејќи ги индикациите за сериозни злоупотреби во ДИК, организацијата побара пристап до јавните информации по низа основи, вклучувајќи ги и бонусите, јавните набавки и патните трошоци. ДИК одби да ги даде податоците со образложение дека тоа не се информации од јавен карактер. По реакцијата на ЦИВИЛ и американскиот амбасадор, а најмногу од револтираната јавност, ДИК прво се обиде да се оправда, но потоа обелодени дел од податоците, почнаа и оставките. Тоа не е доволно!

Освен враќање на средствата од бонусите и оставките од сите членови на Државната изборна комисија, ЦИВИЛ бара одговорност за злоупотребите и незаконското работење. Паралелно со тоа, ЦИВИЛ бара од ДКСК веднаш да одговори на поставените прашања, според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а веднаш потоа да поднесе оставка и одговорност.

ЦМ

 

Tags: ДКСКИгор Тантуровскиодговрност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ