• Latest
Добро утро со Орданоски

Да виси ДКСК!

December 12, 2017

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Да виси ДКСК!

December 12, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Д[/dropcap]а проверам, можеби јас нешто сум пропуштил: Дали НЕКОЈ слушна НЕКАКВА реакција од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по повод бројните скандали што дневно се откриваат во земјава, врзани за политичката смисла и законскиот опис на постоењето на ова државно тело? Гугнаа ли нешто? Пријава? Иницијатива? Соопштение? Макар изјава? Изјавичка? Барем да се накашлаа, да кивнеше некој, за да му кажеме „На здравје“?!

Ништо.

Ако влезете на нивната официјална веб-страна (http://www.dksk.org.mk/), последното соопштение им е од 19 септември (задолжително мислење во врска со мандатот на преодната влада бла-бла-бла…), а претходното е од – јануари годинава! Значи, во еден од најдраматичните периоди во македонската демократска историја, ова тело единаесет месеци (всушност, многу години наназад) се занимава со – ќутологија!

Во чл. 49, ст. 1, од Законот за спречување на корупцијата, има 14 точки со опис на законските надлежности на Комисијата со кои таа треба да се бори за спречување на корупцијата во земјата. Ништо од тоа не го прават.

Во следниот член од Законот, чл. 50, во ставот 2, се определува месечниот надомест за нивната работа. Само тоа го прават.

Ова го посочувам од две причини. Прво, во државата има едно чудо органи и институции кои, по закон, се задолжени да делуваат за она за што со месеци се надвикуваме по Фејсбук, по телевизии и по портали – не може Македонија да ја управуваат странски амбасадори и невладини организации и нивни активисти, макар и да се најпаметни на светот (а, еве, сме!). И, второ, на сличен начин, не може некаков Зоран Заев за сѐ да биде одговорен во државата – видовме до кај стигнавме кога и како тоа го правеше Грујо. Смислата на падот на таа краста не е некој друг да го замени него, а ние да продолжиме да се чешаме; смислата е да профункционираат колективните институции на системот и демократијата (од Собранието, па надолу), секој со својот интегритет и одговорност, по закон.

На пример: според Законот за спречување на корупцијата, чл. 47, точка 1: „Државната комисија е самостојна и независна во вршењето на работите определени со овој закон.“ (Како и ДИК, патем.)

Реторички кажано, ако таа не си ја работи својата работа, јавноста ќе се претвори во гневна толпа која секој ден, со право барајќи одговорност, ќе шета наоколу со ортома и ќе бара дрво за бесење. Тоа не е демократија.

Во оваа точка, сепак, доаѓаме до неопходноста од уште дрво за бесење: овој состав на ДКСК одамна, многу одамна, го има изгубено кредибилитетот за остварување на овластувањата што им се дадени со закон. Дури, не е претерано да се тврди дека се тие, всушност, едни од главните соучесници во кражбата на столетието во Македонија.

Не е ни чудно што – барем за сега – СЈО за нив не формирала предмет (ако го има, би можел да се вика „Тутулебалиња“), затоа што нив, навистина, најверојатно и ги нема во прислушуваните разговори. Луѓето НИШТО, апсолутно ништо не сработија со години наназад, па нема ни за што да се домунѓаваат по телефон.

Затоа, веднаш по оставката на Бонева во ДИК, следни на ред за колективна оставка да бидат членовите на ДКСК! Предлагам на тоа да го насочиме притисокот на јавноста, до нивните оставки.

Ако не, па, да го замолиме Грујо да си ја повлече оставката?

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: ГрујодемократијаДИКДКСКЗаевКорупцијаСЈОќутологија
Share742TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ