• Latest

Таравари на средба со членовите на Собранието на АА, крилото на Села бара смена на министрите Меџити и Алиу

February 8, 2024

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Таравари на средба со членовите на Собранието на АА, крилото на Села бара смена на министрите Меџити и Алиу

February 8, 2024 12:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат тензиите во Алијансата за Албанците кои кулминираа по објавата на лидерот на партијата Арбен Таравари дека на изборите ќе се приклучат кон албанскиот опозициски блок. Од друга страна поранешниот партиски челник Зијадин Села и дел од раководството и од пратениците на АА, сметаат дека партијата треба самостојно да настапи на изборите и го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

Таравари доби поддршка од министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу, по што крилото на Села во кое е и министерот за правда Кренар Лога побара нивна смена и за нови министри во техничката Влада ги предложи Илир Демири и Наим Бајрами.

Таравари за денеска во Куманово закажа консултативна средба со членовите на Собранието на партијата.

– Во 19 часот во Куманово ќе одржам консултативен состанок со делегатите на Собранието на партијата, потврди Таравари за МИА.

Потпретседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари на прес-конференција ја најави поддршката за кандидатите за градоначалници на политичката партија Движење Беса во вториот круг и ја

Преку официјалниот мејл на Алијанса за Албанците, зад кое стои крилото на Села кој е претседавач на Собранието, пак, беше соопштено дека ова партиско тело, согласно статутот на партијата, е закажано за в сабота во Буши ресорт во 13 часот, а не во Куманово.

-Дел од членовите на Собранието на Алијансата за Албанците во текот на вчерашниот ден добиле порака за средба во градот Куманово, а потоа и за средба со претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари. Она што сакаме да ве известиме е дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека се одржува партиско собрание, бидејќи како што ќе заклучите од поканата, станува збор за собир и состанок. Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за в сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, се наведува во соопштението.

Пратеникот на АА, Халил Снопче, во изјава за електронското издание на весникот на албански јазик „Лајм“ вели дека ќе се соберат во Куманово за да ја потврдат поддршката за Таравари. Според него, Централното собрание на партијата закажано за в сабота нема да има кворум и потенцира дека ќе биде само еден партиски митинг.

-Ние ќе се собереме во Куманово и ќе ја потврдиме поддршката за Таравари. Политичката поддршка Таравари ја има, бидејќи го има апсолутното мнозинство на делегатите на Собранието на партијата и само ќе се потврди технички и формално оваа политичка поддршка што господин Таравари ја има добиено од делегатите на Собранието на партијата. Ќе се потврди дека мнозинството на Собранието на партијата стојат зад Таравари  и мнозинството ќе учествуваат во Куманово, каде ќе се демонстрира силната поддршка за Таравари. Во сабота нема да има ниту кворум. Во сабота може да се одржи само еден партиски митинг, рече Снопче.

Алијанса за Албанците бара да има техничка влада, потврди претседателот на партијата Зијадин Села, откако потпретседателот Арбен Таравари преку социјалните мрежи вчера побара формирање на так

Несогласувањата меѓу Таравари и Села настанаа откако партискиот претседател без да го консултира претседателот на партиското Собрание замина во Приштина со лидерите на партиите на албанскиот опозициски блок Европски сојуз за промени на средба со албанскиот премиер Албин Курти, но и потоа откако се повеќе стануваше извесно дека Таравари планира коалицирање на престојните избори со албанските опозиционери.

Кадровската комисија на АА завчера побара од техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за здравство Фатмир Меџити, поради, како што наведоа, нивното користење на моќта на министерската функција, но без партиска позиција, за да спроведуваат дејствија кои се во спротивност со етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите на АА и вработените, како и јавно кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ.

Алиу и Меџити, во вторникот вечерта на прес-конференција пред Владата, изјавија дека немаат намера да поднесат оставка и дека според нив партијата е единствена, има легитимни органи и легитимен претседател.

Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување, изјавија вечерава министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Ф

Следуваше партиско соопштение во кое беше истакнато дека Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучило за нов министер за здравство да го прдложи Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами, магистер по политички науки.

Техничкиот премиер Талат Џафери во интервју за МИА изјави дека ја следи ситуацијата во АА, која има тројца министри во владиниот состав, и дека ќе постапи согласно неговите надлежности. Тој вели дека нема да се раководи од Фејсбук статуси, туку дека членовите на Владата од оваа партија ќе треба официјално по институционална линија да се изјаснат во ситуација кога имаат спротивставени ставови дали имаат чувство на припадност на овој состав или не.

-Во принцип знаете многу одамна сум кажал не сум политичар од Фејсбук, сходно на тоа не сум премиер кој се раководи со изјави по Фејсбук или на партиски активности. Јас сум премиер на оваа Влада и соодветно ќе треба да се изјаснат, официјално, членовите на Владата во ситуација кога имаат спротивставени ставови, да се изјаснат по институционална линија дали имаат чувство на припадност на овој состав или не. Не можам да се раководам по она што се случува по телевизии и по конференции партиски, изјави Џафери во интервјуто за МИА.

Првиот вицепремиер Бојан Маричиќ вели дека во ингеренции на Џафери е да процени какви се сигналите од Алијанса за Албанците и какви се ставовите, и согласно тоа, како и од бројките во Собранието, ќе зависи исходот со министрите од АА.

– Ова е Влада што обединува повеќе партии. Доколку премиерот процени, ќе побара нивно разрешување. Важно е, нормално, кого поддржуваат партиите и како, бидејќи Владата се составува врз основа на волјата на партиите. Но, ако Алијанса влегла во техничката Влада затоа што била дел од мнозинството и ги задржала истите места како што била дел во мнозинството, тогаш треба и така и очекуваме да се постапи. Доколку Алијанса, или дел од Алијанса го промениле мислењето, тоа сепак зависи од внатрепартиските одлуки, ќе треба исто така да се изјаснат, многу е тешко да имате двојна позиција во исто време, изјави Маричиќ по вечаршната средба со пратеници од германскиот Бундестаг.

За случувањата во АА и можните последици врз техничката Влада која треба да го подготви изборите, вчера се огласи и поранешниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски.

– Техничката влада кај нас е светски феномен, што не постои никаде во свет и сметам дека би бил уште еден светски феномен влада што е задолжена за да организира избори ако успее да падне, изјави Ковачевски.

Сепак, смета дека тоа нема да се случи и техничката Влада ќе успее нормално да ги менаџира работите и да организира фер и демократски избори.

Tags: ААизбориКовачевскиСелаТаравари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ