„Што се однесува до албанскиот политички блок, се надевам на долгоочекуваното ослободување од ДУИ. Па, како можеме да зборуваме за напредок и промени кон добро кога 18 години живееме во еднопартиски систем, во кој корупцијата, пресметките, калкулантството и реваншизмот биле главните „адути“ на располагање?, изјави Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар и генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во интервју за неделникот Фокус.
Алијанса за Албанците е во преговори со БЕСА и Алтернатива за предизборна коалиција, која на изборите ќе ја победи ДУИ.