Вкупно 47 повредени лица во пожарот во Кочани ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, соопшти вечерва министерот за здравство Арбен Таравари., пренесува МИА.
Хоспитализираните на нашите клиники се во стабилна состојба, вон животна опасност, вели Таравари.
Во Солун се наоѓаат 3 пациенти, во Бугарија се 14 пациенти, од кои во Софија се 8, Пловдив 3 и Варна 3, во Белград 1, Ниш 1 пациент, и во Истанбул 3 веќе се отидени, уште 6 патуваат вечер во 7 ипол.. Вечерва уште 4 пациенти че патуваат Во Хрватска, и уште 12плус тројца патуваат во Белград.
Утре на помош во државата пристигнуваат специјалисти по изгореници од Израел, Белград и Прага кои ќе им помогнат на здравствените работници во државава.
Како што изјави Таравари, според информациите со кои располага, четири до пет повредени побарале лекарска помош во приватните клиники.
М. Д.