Генералниот секретар на партијата Алијанса за Албанците и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, вчера изјави дека нема да учествуваат во влада заедно со ДУИ, доколку не го исполнат ветувањето за премиер Албанец, за која позиција го кандидираа поранешниот пратеник г. Насер Зибери.
Таравари на својот фејсбук профил напиша:
„Треба да бидеме транспарентни и јасни кон граѓаните што ни ја дадоа довербата, кои во овие времиња се сведоци на секојдневните игри за својата иднина, така што:
Со висока одговорност изјавуваме дека немаме никакви усогласени концепти или убедувања со ДУИ, како и секогаш сме против начинот на кој делувала и делува оваа партија. Истакнуваме дека Нашето Одобрување кон оваа партија ќе се случи само доколку г. Насер Зибери го добие мандатот за премиер на Република Северна Македонија. Се разбира, ова одобрување нема врска со партијата ДУИ, туку со кандидатот за премиер.“
До доделувањето на мандатот за формирање нова влада остануваат уште четири дена. Партиите се уште преговараат за учество и формирање на новото парламентарно мнозинство, но досега нема точни информации до каде стигнале со преговорите.
Д. Т.