“Имавме добар пример и модел на тоа како се бираа членовите на Антикорупциската комисија. Нека има комисија, конкурс, тука гледаше цела јавност како се бираше. А не да се избира по предлог на власта или на политичките партии. За истото се залагам и кога зборуваме за избор на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција”, изјави Слаѓана Тасева од Транспренси Интернешенл на јавната расправа за Законот за Јавно обвинителство.
А. З.